Пред крајот на генералната аудиенција во среда 23 октомври 2024 година, папата Фрањо ја спомена статистиката за загинатите во Украина и повторно поттикна да молиме за мир во сите земји кои се во војна. Поздравувајќи ги полските верници и ходочесници, тој го спомна Иван Павле II, „Папа на семејствата “.
Рано утрово добив статистички податоци за загинатите во Украина: Страшно е! Војната не простува; војната е пораз од самиот почеток. Да го молиме Господ за мир, да ни подари мир на сите, на сите нас.
Има уште еден апел на папата Фрањо што тој го упати на крајот од генералната аудиенција на 23 октомври, одржана на плоштадот Свети Петар, спомнувајќи ги сите земји кои се во војна, не само Украина. Да не го заборавиме Мјанмар; да не ја заборавиме Палестина, која трпи нечовечки напади; да не го заборавиме Израел – додаде папата Фрањо и посочи еден факт, една бројка која – како што рече – мора да не заплаши. Имено, инвестициите кои даваат најголем профит денес се инвестициите во фабрики за оружје. Заработка со смрт! Да молиме за мир, сите заедно – повика Светиот Отец.
Да го пренесеме Евангелието на оние кои не го познаваат
Пред тоа, Папата ги поздрави присутните на генералната аудиенција од италијанското говорно подрачје, кои ги поттикна да бидат храбри и радосни сведоци на Исус, во секоја средина и со силата на Светиот Дух. Римскиот бискуп потоа го истакна месецот октомври како можност за обнова на сопствената активна соработка во посланието на Црквата.
Бидете мисионери на Евангелието насекаде, обезбедувајќи духовна молитвена поддршка и конкретна помош на оние кои се мачат како би го донеле на оние кои уште не го познаваат.
Иван Павле II, „Папа на семејствата“
Поздравувајќи ги верниците на полскиот јазик, Папата потсети на литургискиот спомен ден на 22 октомври, свети Иван Павле II, кого тој самиот, по повод канонизацијата, го нарече Папа на семејствата. Постојано ве потсетуваше Полјаците дека силата на семејството треба да доаѓа од Бога – додаде папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк