Папата Фрањо на аудиенцијата: Бог не е господар, туку Отец

Папата Фрањо на аудиенцијата: Бог не е господар, туку Отец

Целото христијанство е премин од словото на Законот во Дух, кој дава живот. Исус е Слово на Отецот, а не осуда на Отецот. Исус дојде да спаси, со своето Слово, а не да осудува – истакна папата Фрањо за време на Генералната аудиенција во среда 20 јуни 2018 година на плоштадот Свети Петар во Ватикан, продолжувајќи ја серијата катехези за Десетте Божји заповеди, кои ги започна минатата среда.

На почетокот од катехезата Папата напомена дека денешната катехеза преку видео пренос ја следат над 200 болни лица, кои се во слата Павле VI. додавајќи дека сите заедно правиме една заедница. Потсетувајќи потоа дека мината среда видовме дека Исус не дојде да го укиние Законот, туку да го исполни, Светиот Отец рече дека денес подетално ќе размислуваме за тоа.

Бог започнува дијалог со човекот

Папата го сврте вниманието на почетокот од 20. глава од Втората книга Мојсеева (Исход) во која пишува: „Тогаш Господ Бог ги кажа сите овие зборови“ (20,1). Светиот Отец рече дејка во текстот не стои: „Бог ги кажа сите овие зпаоведи“, туку „овие зборови“, напоменувајќи дека еврејската традиција Декалогот го нарекува „десет зборови“, а поимот „декалог“ сака да го искаже токму тоа. И покрај тоа што станува збор за заповеди, зошто тогаш авторот го користи поимот „десет зборови“, а не „десет заповеди“? – праша Папата.

Која е разликата помеѓу заповеди и зборови: Заповедта е комуникација која не бара дијалог, додека зборот е клучно средство за однос како дијалогот – објасни Светиот Отец и продолжи: Бог Отец создава со своите зборови, а неговиот Син е Слово, кое стана тело. Љубовта се храни со зборови, а така и воспитувањето и соработката – рече Папата додавајќи дека Бог се објавува со помош на тие десет зборови и го очекува нашиот одговор.

Папата Фрањо рече дека едно е да се прими заповедта, а друго е да се сфати дека некој сака да разговара со нас. Дијалогот е многу повеќе од пренесување на некоја вистина – истакна папата Фрањо настојувајќи тоа да го приближи со пример. Можам да ви кажам: Денес е последнииот ден од пролетта, топлата пролет“. Тоа е вистина, но тука не станува збор за дијалог. Меѓутоа ако ви кажам: „Што мислите за оваа пролет?“, започнувам дијалог. Заповедите се дијалог – рече Светиот Отец, додавајќи дека дијалогот „извира од задоволството на говорот и ги збогатува оние кои еден кон друг си искажуваат љубов по пат на зборови. Тоа е добро кое не се состои од работи, туку од самите лица кои взаемно се даруваат во дијалогот “Evangelii gaudium, 142).

Бог не е господар, туку Отец

Светиот Отец напомена дека тоа е разликата, која не е вештачко свртување на внимание на почетокот од Библијата, каде го сретнуваме искушувачот, кој сака да ги заведи мажот и жената уверувајќи ги дека Бог им забранил да јадат од стеблото за спознавање на доброто и злото како би ги држел потчинети. Предизвикот е следен: Дали првата заповед која Бог му ја дава на човекот е деспотско наметнување со која се забранува и присилува или станува збор за грижа на Отецот, кој се грижи за своите мали и ги штити од самоуништување. Дали е збор или заповед?- праша папата Фрањо додавајќи дека тоа е најтрагичната, меѓу различните лаги кои змијата ѝ ги кажа на Ева, сугестијата дека Бог  е завидлив и посесивен, дека не сака човекот да биде слободен. Меѓутоа фактите на драматичен начин покажуваат дека змијата лажела, дека ги уверила дека зборот на љубовта е заповед.

Дали имаме ропски менталитет или менталитет на деца?

Светиот Отец рече дека човекот се соочува со сомнеж: Сака ли Бог да ми наметнува работи или сака да се грижи за мене: Дали неговите заповеди се само закон или можеби содржат зборови за да се грижи за мене? Дали Бог е господар (tal. padrone) или Отец? Бог е Отец, никогаш не заборавајте – истакна Светиот Отец и продолжи: И во најлошите ситуации сетете се дека имаме Отец, кој сите нѐ љуби. Дали сме потчинети или сме деца: Таа борба внатре и надвор од нас, се случува постојано: илјадници пати треба да избираме помеѓу ропскиот менталитет и менталитетот на деца. Заповедите доаѓаат од господарот, а зборовите од Отецот – предупреди папата Фрањо.

Светиот Дух е Дух на деца, Исусов дух – продолжи Папата. Ропскиот дух не може да не го прифати Законот на угнетувачки начин и тоа може да предизивка два спротивни ефекта: или живот полн со должности и обврски или насилна реакција за одбивање. Целото христијанство е премин од зборовите на Законот во Духот кој дава живот (сп. 2 Коринтјаните 3,6-17). Исус е Слово на Отецот, а не осуда на Отецот. Исус дојде да спаси, со својот збор, а не да нѐ суди – рече Светиот Отец.

Средба со болните

На крајот додаваме дека Светиот Отец пред денешната Генерална аудиенција во салата Павле VI. се средна со различни групи болни лица. Меѓу нив имаше и група која боледува од амиотрофична латерална склероза. Папата им се заблагодари на нивната посета, гарантирајќи им ја својата молитва и побара од нив и тие да се молат за него.

к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот