Честитки до Џо Бајден пристигнуваат од целиот свет откако положи заклетва како 46. претседател на Соединетите Американски Држави, а меѓу првите честитки беа од премиерите на Велика Британија, Израел и Канада и папата Фрањо, кој испрати порака во која охрабрува за унапредување на помирувањето и мирот во САД и во светот.
Папата Фрањо му порача на Бајден, вториот католик претседател во историјата на Соединетите Американски Држави, по Џон Кенеди, да се моли Бог да ги води неговите напори за „промовирање на помирувањето и мирот во САД и меѓу народите во светот, за унапредување на општото добро“.
Во пораката, на англиски јазик испратена по заклетвата на американскиот претседател, Светиот Отец исто така истакнува како се надева ндека Бајден ќе работи на создавање општество обележано со вистинска правда, слобода и почитување на правата и достоинството на секоја личност, посебно на сиромашните, ранливите и оние без глас.