Папата Фрањо за важноста на семејството

Папата Фрањо за важноста на семејството

Без разлика дали сте млад или стар, оженет или самец, свршен, вдовец или разведен, зборовите на Папата Фрањо може да ве зајакнат, да ве освежат и да ги осветлат страниците на вашата животна приказна. Еве неколку предлози што тој ги нуди, како би го сторил токму тоа. Сите зборови подолу се од Папата.

  1. Изговорете ги овие три збора

За да имате здраво семејство, треба да се користат овие три збора. И сакам да ги повторам овие три зборови: молам, благодарам, прости. Три основни зборови! Велиме те молам за да не бидеме наметливи во семејниот живот: „Можам ли да го направам тоа? Дали би бил среќен ако го направам ова? „Ние го правиме ова со јазик кој бара согласност.

Ние велиме ти благодарам, ти благодарам за љубовта! Бидете искрени со мене, колку пати велите ти благодарам на сопругата или на сопругот? Колку дена минуваат без да го изговорите овој збор?

И последниот збор: прости. Сите ние правиме грешки, и во некоја прилика некој ќе се навреди во бракот, во семејството и груби зборови се зборуваат. Но, ве молам, послушајте го мојот совет: никогаш не дозволувајте сонцето да зајде без да се смирите. Мирот се создава секојдневно во семејството.

  1. Направете мали работи

Точно е дека во брачниот живот има многу проблеми, толку многу, кога нема доволно работа или пари, кога децата имаат проблеми и многу пати мажот и жената стануваат раздразливи и се расправаат меѓу себе. Сепак, не смееме да бидеме огорчени од ова. Љубовта е посилна од моментот кога има расправија, и затоа секогаш ги советувам сопружниците: не дозволувајте денот кога ќе се расправате да мине без да склучите мир. Секогаш! И, да склучите мир не е неопходно да се повикаат Обединетите нации да дојдат во вашата куќа и да склучат мир. Мал гест е доволен, погалување, а потоа нештата нека се случуваат!

  1. Продолжете да сонувате!

Многу ги сакам соништата во семејствата. Девет месеци секоја мајка и татко сонуваат за своето бебе. Дали сум во право? Тие сонуваат за тоа какво дете тој или таа ќе биде. Не можете да имате семејство без соништа. Откако едно семејство ќе ја изгуби способноста да сонува, децата не растат, љубовта не расте, животот се намалува и умира. Затоа, ве замолувам секоја вечер, кога ќе правите испит на совеста, исто така да го поставите ова прашање: Дали денес сонував за иднината на моите деца? Дали денес сонував за љубовта на мојот сопруг, сопруга? Дали сонував за моите родители и баби и дедовци кои заминаа пред мене? Сонувањето е многу важно. Особено сонувањето во семејствата. Не ја губете оваа способност да сонувате! Колку тешкотии во брачниот живот се решаваат кога оставаме простор за сонување; кога застануваме за миг да размислиме за нашиот брачен другар и да сонуваме за добрината присутна во сè околу нас. Значи, многу е важно да ја вратиме љубовта во сè што правиме секој ден. Никогаш не престанувајте да бидете младенци!

  1. Најдете време за играње

Во врска со обидот да ги усогласиме работните часови со семејното време, дозволете да ви кажам една работа. Кога ќе дојде млада мајка или татко, прашувам: „Колку деца имаш?” И ми кажуваат. И секогаш поставувам едно друго прашање: „Кажи ми дали си играш со своите деца?” Повеќето од нив одговараат: „Зошто прашувате оче?” “Да, да, дали си играш? Дали поминувате време со своите деца?” Го губиме овој капацитет, оваа мудрост на играње со нашите деца. Економската ситуација нè поттикнува на ова, да го изгубиме ова. Ве молам, поминувајте време со нашите деца!

  1. Молете се заедно

Во семејството прво учиме како да се молиме. Не заборавајте: семејството што се моли заедно, останува заедно! Ова е важно. Таму го запознаваме Бога, да израснеме во луѓе од вера и да се гледаме како членови на Божјото поголемо семејство – Црквата. Во семејството учиме како да сакаме, да простуваме, да бидеме дарежливи и отворени, не затворени и себични. Учиме да се движиме надвор од нашите сопствени потреби, да се сретнеме со другите и да ги споделиме нашите животи со нив. Затоа е толку важно да се молите како семејство! Многу важно! Затоа семејствата се многу важни во Божјиот план за Црквата!

  1. Прифатете ги вашите несовршености

Повеќе од било кое друго место, семејството е местото каде што секојдневно ги доживуваме сопствените граници и оние на другите, големите и мали проблеми, кои навлегуваат во мирното живеење со другите. Совршено семејство не постои. Не треба да се плашиме од несовршености, слабости или дури конфликти, туку да научиме како да се справиме конструктивно со нив. Семејството, каде што постојано се љубиме еден со друг и покрај нашите граници и гревови, на тој начин станува училиште за простување. Простувањето е процес на комуникација. Кога каењето е изразено и прифатено, станува возможно да се обнови и повторно да се изгради комуникацијата што се срушила. Дете кое научило во семејството да ги слуша другите, да зборува со почит, и да го изрази своето гледиште без да ги игнорира другите, ќе биде сила за дијалог и помирување во општеството.

  1. Бидете трпеливи

Дали сте во брак? Биди светец со љубовта и грижата за својот маж или жена, како што тоа го направи Христос за Црквата. Дали сте родител или баба или дедо? Биди светец со страсното поучување на вашите деца или внуци да го запознаат и следат Исус. Потребна е голема трпеливост да се направи ова: да се биде добар родител, добар дедо, добра мајка, добра баба; тоа бара многу трпеливост и со ова трпение доаѓа светоста. Да светоста доаѓа со вежбање на трпеливоста.

  1. Погледнете ги нашите постари

На бабите и дедовците, кои добиле благослов да ги видат децата на своите деца (Пс 128, 6), им се доверува голема одговорност: да го пренесат своето животно искуство, нивната семејна историја, историјата на една заедница, на еден народот; да споделуваат мудрост со едноставност, и самата вера – најскапоценото наследство! Среќно е семејството кое има блиску баби и дедовци! Дедото е татко двапати и бабата е мајка два пати.

  1. Поставете пример

“Добрата вест” на семејството е многу важен дел од евангелизацијата, која христијаните можат да ја споделат со сите, со сведочењето во нивните животи. Веќе тоа го прават; ова е очигледно во секуларизираните општества. Вистинските христијански семејства се познати по својата верност, нивната трпеливост, отвореност кон животот и почит кон постарите лица, тајната на ова е присуството на Исус во семејството. Дозволете ни да им ја предложиме на сите луѓе, со почит и храброст, убавината на бракот и семејството осветлени од Евангелието! И за да го сториме тоа, да пристапиме со грижа и љубов кон оние семејства кои се борат, принудени да ја напуштат својата татковина, скршени, бездомници или невработени или страдаат од било која причина; да се приближиме кон брачни двојки во криза или оние кои се разделени. Да бидеме блиски до сите преку објавувањето на ова Евангелие за семејството, убавината на семејството.

  1. Осветлете го патот

Иднината минува низ семејството. Затоа заштитете ги своите семејства! Заштитете ги вашите семејства! Видете го во нив најголемо богатство на вашата земја и потхранувајте ги секогаш со молитва и со благодатта на светите тајни. Семејствата секогаш ќе имаат свои искушенија, но никогаш немојте да додавате на искушенијата! Наместо тоа, бидете живи примери на љубов, простување и грижа. Бидете светилишта на почит кон животот, прогласувајќи ја светоста на секој човечки живот од зачнувањето до природна смрт. Каков подарок би бил тоа за општеството, кога секое христијанско семејство целосно би го живеело својот благороден повик! Затоа, подигнете се со Исус и со Марија, и тргнете по патот што Господ го зацртал за секој од вас.

Молитва за семејствата

Исус, Марија и Јосиф, во вас го гледаме раскошот на вистинската љубов, кон вас се обраќаме со доверба.

Свето семејство од Назарет, нашите семејства нека бидат места на заедништво и молитва, автентични школи на Евангелието и мали домашни Цркви. Свето семејство од Назарет, семејствата никогаш повеќе нека не доживеат насилство, отфрлање и поделба: сите кои биле повредени или скандализирани, да можат да најдат подготвена удобност и исцелување.

Во свет кој секојдневно отфрла тони храна и лекови, постојат деца, гладни и страдаат од лесно лекувани болести, кои залудно плачат. Во ера која инсистира на заштита на малолетниците, постои процут на трговијата со оружје што завршува во рацете на деца војници; постои подготвен пазар за стоки произведени од робови, кои се мали деца. Нивниот крик е задушен: крикот на овие деца е задушен! Тие мора да се борат, мора да работат, не можат да плачат! Но, нивните мајки плачат за нив, како модерна Рахела: плачат за своите деца и одбиваат да се утешат (Мт 2,18).

Завршни зборови на Папата

Потребна ни е едноставност да се молиме како семејство: едноставноста е неопходна! Молењето на Оче Наш заедно, околу масата, не е нешто необично, лесно е. И молењето Бројаница заедно, како семејство, е многу убаво и е извор на голема сила! И, исто така, молењето еден за друг! Мажот за неговата сопруга, сопругата за нејзиниот сопруг, и двајцата заедно за нивните деца, децата за нивните баби и дедовци, посредуваааат еден за друг. Тоа е она што значи да се моли во семејството и тоа е она што го прави семејството силно: молитвата.

blog.franciscanmedia.org/к.мк/К.Меновска

Категорија: Вера, Семејство

За авторот