Осврнувајќи се на првото читање од Книгата на пророкот Агеј на светата Литургија во капелата на Домот Света Марта во четврток 26 Септември 2019 година, папата Фрањо рече дека Господ преку пророкот ги охрабрува луѓето да размислуваат за своето однесување и да го променат работејќи на обновата на Божјиот дом. Агеј се обидел да го покрене срцето на мрзливиот и резигнираниот народ, но тие луѓе така ги поминале годините, сѐ додека Господ не го испрати својот избран за обнова на храмот.
Духовната млакост ги претвора нашите животи во гробишта – рече папата Фрањо на Литургијата во Домот на Света Марта, осврнувајќи се на првото читање од Книгата на пророкот Агеј.
Но, нивното срце беше полно со горчина и тие не сакаа да ја преземат работата – рече Светиот Отец и забележа: Тие велеа, нема да одиме затоа што можеби тоа е измама, подобро е да не ризикуваме, подобро нека остане така. Тие луѓе не сакаа да станат и да започнат повторно; тие не дозволија помош од Господ, кој сакаше повторно да ги крене; тие се оправдуваа со тоа дека вистинското време сè уште не дошло. Тоа е драма на овие луѓе, дури и наша, кога сме обземени од духот на млакоста и кога ќе речеме, Да Господи, добро, но полека, полека, Господи, остави да остане на тој начин.
Ќе го сториме тоа утре! Потоа, истата работа повторно ја повторуваме утре и задутре, и повторно одложуваме – рече папата Фрањо и предупреди: Тоа е живот на одложување на одлуката да ги преобратиме нашите срца и да ги промениме нашите животи. Се работи за млакост што често се крие зад несигурноста, а истовремено ја одложува. Многу луѓе го поминуваат животот толку лудо и завршуваат како крпа затоа што не направија ништо, само го задржаа мирот во себе. Но, тоа е мир што царува на гробиштата. Кога влегуваме во таа млакост и млако духовно однесување, го претвораме нашиот живот во гробишта; тука нема живот.
Постои само затвореност затоа што не навлегуваме во проблеми како тие луѓе кои велат: Да, ние сме меѓу урнатините, но нема да ризикуваме подобро да останеме така – рече Папата, истакнувајќи: Веќе сме навикнати да живееме така. Сето ова се случува и со нас, со мали нешта што не одат добро и кои Господ сака да ги промениме. Тој нè замолува за преобраќање, а ние одговараме: Утре.
Да го молиме Господ за милост да не паднеме во оваа духовна состојба на половични христијани кои го немаат тоа што е важно. Да молиме да не бидеме добри христијани кои работат напорно, многу сееме, но малку собираме; да не бидеме оние кои дадоа многу ветувања, но на крајот не направија ништо во животот. Нека Господ ни помогне да се разбудиме од духовната состојба на млакоста, за да се бориме против оваа слатка вкочанетост на духовниот живот – заклучи Светиот Отец.
Ватикан њуз/к.мк