Папата Фрањо до Исусовците: Важно е да се разберат проблемите на младите

Папата Фрањо до Исусовците: Важно е да се разберат проблемите на младите

Папата Фрањо на 1 септември 2018 година, пред Генералната аудиенција во Ватикан се сретна со триесетина млади Исусовци кои од 28 јули до 20 август 2018 година учествуваат во Рим на годишната средба на „Европските Исусовци во формација“.

Поттикнат од прашањето на еден од нив за тоа која врста на комуникација и придружба треба да се понуди на младите кои се невработени, кои немаат работа која ќе им даде достоинство, Светиот Отец рече дека тоа е еден од најтажните и најболните проблеми за младите, бидејќи допира токму во срцето на луѓето. Ако сте невработени – рече Папата – не можете дома да донесете леб, а тоа го зема достоинството.

Сведоци сме на ново уредување во светската економија која е конкретна, но дава приоритет на парите кои се апстрактни – рече Папата и додаде: Во светот во кои апстрактните и суровите парични приходи се во центарот на колективната фантазија, мораме во прв план да го ставиме мажот и жената, бидејќи е голем грев против достоинството на човекот токму фактот што мажот и жената се отстранети од центарот.

Давајќи предност на паричните средства, а не на човекот се создаваат празнини во работата – рече Светио Отец и предупреди: Бројот на самоубиства кај младите се зголемува, но властите тоа не го објавуваат, бидејќи тоа за нив е поразувачки. Зошто се убиваат младите? Главна причина е недостатокот од работа. Не се во состојба да почувствуваат дека се корисни и затоа го прекинуваат својот живот.

Невработните млади потоа потпаѓаат во директна отуѓеност, тоа е зависноста, кое претставува бегство од недостаток на достоинство – рече папата Фрањо и напомена: Зад секоја доза на кокаин стои светската индустрија, која тоа го овозможува, а веројатно и најголем проток на пари. Но ги има и таквите кои и покрај можноста за заработка како животен проект го избираат приклучувањето на ИСИС.

Самоубиствата, зависноста и приклучувањето кон герилците, се трите можности кои денес ги имаат младите кога немаат работа – рече Папата и додаде: Важно е да се разберат проблемите на младите луѓе, да почувствуваат дека ги разбираме, тоа значи да се комуницира со нив. А потоа треба да се направи обид да се реши тој проблем. Проблемот има решение, но мораме да најдеме начин, имаме потреба од пророчко слово, потребна ни е човечката инвентивност, мораме да направиме нешто повеќе. Мораме да ги засукаме ракавите….

Потоа Светиот Отец ги поттикна Исусовците на креативна храброст, да бараат начин како да се соочат со таа итна потреба. Ги спомена основните начела на Дружбата Исусова како што се единството во различноста. Потсети на говорот на Дружбата Исусова на блажениот папа Павле VI. од 1974 година, во кој повика на храброста на оците кои учествуваа на 32. Генерална конгрегација, и во таа прилика истакна дека Исусовецот е таму каде се среќаваат идеите, проблемите и предизвиците.

Папата Фрањо се осврна и на последниот говор на 28. Генерален поглавар на Дружбата Исусова Педро Арупе, за кого неодамна Римската бискупија започна постапка за беатификација и на неговото духовно наследство, кое исто така упатува на тоа дека Дружбата Исусова денес мора да има храброст да оди на перифериите, на изворите на идеите и проблемите и дека треба да биде мисионерска. Потребна е храброст која не значи безобѕирност, туку милост Божја; потребна е упорност во молитвата како Светиот Дух би ве вдахнал и ви каже во срцето каде треба да одите – рече на крајот папата Фрањо

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот