Папата Фрањо на 11 мај 2018 година во аудиенција го прими Растислав, митрополит на Православните цркви во чешките земји и Словачка. Во својот говор Светиот Отец напомена дека за да се навестува Господ не е доволно повторно да се потврдат причините од минатото, туку треба да се слуша Духот, кој секогаш вдахнува нови и храбри патишта за да ги евангелизираме своите современици.
Исто така Папата ги истакна духовните врски кои обединуваат и поттикнуваат меѓусебна изградба и заедничка потрага за мир, дар на Воскреснатиот. Светиот Отец потсети дека една од тие врски е свети Кирил апостол на Словените, чиј гроб се наоѓа во базиликата свети Климент во Рим, а кој со своето навестување ја ширеше верата во чешките земји и Словачка. Папата истакна дека токму ликот на свети Кирил го вдахнале на три кратки мисли, кои ги сподели со митрополитот Растислав.
Заедничко наследство на светоста
Папата Фрањо потсетувајќи на преданието според кое солунските браќа Кирил и Методиј на папата Адријан II. му донеле моштии од свети Климент, еден од првите римски бискупи, кои умира во прогоноство за време на царот Трајан. Светиот Отец рече дека тој нивен гест нѐ потсетува на големото заедничко наследство на светоста, која ние како христијани го имаме наследено. Меѓу бројните сведоци, безбројните маченици во минатите векови исповедале верност кон Исус, како свети Климент, но и во поново време, на пример, кога вашите земји беа погодени од атеистичките прогонства – рече Папата и продолжи: И денес страдањето на браќата и сестрите кои се прогонети поради евангелието претставува итен повик, кој нѐ поттикнува да бараме поголемо единство. Примерот на светите Кирил и Методиј нека ни помогне во вреднувањето на тоа наследство на светоста, кое веќе нѐ обединува.
Евангелизација и култура
Светиот Отец рече дека вториот поглед, на кој нѐ потсетуваат светите апостоли на Словените е односот помеѓу евангелизацијата и културата. Според култура Византијци, светите браќа поседувале храброст да ја преведат евангелската порака на јазик кој е разбирлив за словенските народи во Велика Моравија. Сместувајќи го Евангелието во одредена култура, потикнале развој на самата култура. Апостолатот на светите Кирил и Методиј, кои папата Иван Павле II. ги прогласи за созаштитници на Европа, за сите нас денес се модел за евангелизацијата. За да се навестува Господ не е доволно повторно да се потврдат причините од минатото, туку треба да се слуша Духот, кој секогаш вдахнува нови и храбри патишта за да ги евангелизираме своите современици. Тој тоа го прави и денес, исто и во традиционално христијанските земји, кои често се обележани со секуларизација и рамнодушност.
Свети Кирил и Методиј автентични претходници на екумензимот
Папата напомена дека третата мисла од која можеме да научиме од светите Кирил и Методиј е следната: Тие успеале да ги надминат поделбите меѓу христијанските заедници, кои биле со различна култура и традиција. Во таа смисла за нив може да се каже, со збровиете на свети Иван Павле II. Дека се „автентични претходници на екуменизмот“. Тие исто така нѐ потсетуваат дека единството не значи едноличност, туку помирување на различноста во Светиот Дух. На патот кон единството нека нѐ следи сведоштвото на Кирил и Методиј, нека нѐ поттикнат да ја живееме таа различност во заедништво, никогаш да не се обесхрабриме на нашиот пат, на кој сме повикани да го исполниме со радост во согласност со волјата на Господ – рече Папата.
Во таа смисла Светиот Отец го поздрави активното учество на Православната црква на чешките земји и Словачка во работата на меѓународната теолошка комисија за дијалог помеѓу Католичката и Православните цркви. Светиот Отец изрази надеж дека таа комисија, која во 2016 година во Чиети го усвои документот за односот на приматот и синодалноста во првиот милениум, ќе продолжи да го продлабочува дијалогот на таа тема. На крајот се заблагодари на митрополитот Растислав за неговата посета и се помоли на Господ по застапништвото на светите Кирил и Методиј да можеме да дојдеме до полно заедништво кон кое патуваме.
РВ/к.мк