После молитвата Ангел Господов, папата Фрањо апелираше за национално помирување во Јужен Судан и во молитвите ја препорача Боливија. Се осврна и на Италијанскиот ден на националната благодарност за плодовите на земјата и работата.
Вчера во Гранада во Шпанија за блажена е прогласена Марија Емилија Рикелме и Зајас основачка на сестрите Мисионерки на Пресветата Тајна Евхаристија и на Марија Безгрешна. А денес во Брага во Поругалија се служеше благодарствена света Литургија за канонизација на свети Вартоломеј Фернандесод Мачениците – рече папата Фрањо после пладневната молитва Ангел Господов во недела, 10 ноември 2019 година и напомена: новата блажена е пример за евхаристиско обожавање и великодушно служење на оние во потреба; додека новиот светец е голем навестител на Евангелието и пастир на својот народ.
Посебно се обраќам до драгиот народ во Јужен Судан кој ќе го посетам следната година – рече Папата и истакна, потсетувајќи се на духовната обнова за членовите на власта на таа земја кои во април оваа година се одржа во Ватикан. повторно упатувам повик до сите учесници на националниот политички процес, да го бараат она што обединува и да го надминат она што разделува во духот на вистинското братство. Народот во Јужен Судан во последните години премногу трпеше и со голема надеж очекува подобра иднина и посебно конечен крај на конфликтот и траен мир.
Затоа ги поттикнува одговорните дека во барањето на консензус за доброто на целата земја неуморно да продолжат со напорите во корист на дијалогот кој вклучува – рече Светиот Отец и додаде: Освен тоа изразувам надеж дека меѓународната заедница ќе го придружува Јужен Судан на патот на националното помирување. Сите вас ве повикувам заедно да се молиме за таа земја која на посебен начин ја љубам.
Во вашите молитви ја препорачувам и ситуацијата во саканата Боливија која е блиску до мојата татковина – рече папата Фрањо и апелираше: Ги повикува сите жители на Боливија, а посебно политичките и општествените актери, со конструктивен дијалог без поставување на услови и во мир да ги очекуваат резултатите од процесот на преиспитување на изборите.
Денес во Италија се слави Денот на националната благодарност за плодовите на земјата и работата. Се придржувам на епископите, присетувајќи се на силните врски помеѓу лебот и работата и се надевам на храбра политика на вработување која води сметка за достоинството и солидарноста и отстранувањето на ризикот од корупција. Нека работниците не се искористуваат, нека има работа за сите, но вистинска работа, а не работа за робови – рече на крајот Папата, поздравувајќи ги сите присутни верници и ходочасници.
Ватикан њуз/к.мк