Канцеларијата за печат при Светиот Престол на 16 септември 2020 година информира дека Светиот Отец го именува бискупот Марија Грек за генерален секретар на Епископската синода.
Светиот Отец на 15 септември го прифати повлекувањето на кардинал Лоренцо Балдизиери од местото генерален секретар на Епископската синода. Кардинал Балдизиери таа служба ја врши од 21 септември 2013 година и го наследи надбискупот Никола Етеровиќ, кој пак тогаш ја презеде Апостолската нунцијатура во Германија. Кардинал Балдизиери во септември навршува 80 години и затоа го понуди повлекувањето од службата.
Истовремено Светиот Отец за генерален секретар на Епископската синода го именува монс. Марија Грек, досегашен заменик.
Ватикан њуз/к.мк