Папата Фрањо во аудиенција ги прими бискупите на Лацио

Папата Фрањо во аудиенција ги прими бискупите на Лацио

Автентичен синодален пат, близина со свештениците и народот Божји: истакна Папата обраќајќи им се на епископите од Лацио кои ги прими по повод нивната ad liminа посета. Средбата беше „многу отворена и ведра“, се разговараше за различни теми.

Бидете храбри и креативни – е поттикот од Папата кој беше упатена до бискупите од италијанскиот регион Лацио, кои на 22 март 2024 годин, со разговорот со Светиот Отец ја завршија својата ad liminа посета која започна на 18 март. Средбата беше многу отворена и ведра од која, пред сè, произлезе поттикот да се следи мисионерската димензија на пасторалот, толку драга на папата Фрањо.

Во изјава за Ватикан њуз, кардиналот Анџело Де Донатис, генерален викар на Неговата Светост за Римската бискупија и претседател на Бискупската конференција на Лацио, рече дека Папата пред сè ја нагласил важноста на близината. Близината со Бога навистина живеена во молитвата – напомена и додаде кардиналот – и заедништвото меѓу нас, бискупите е важно, бидејќи она што го правиме е автентичен синодален пат, заедничко одење. Важно е да бидеме блиски, пред се, со нашите свештеници, со конкретно и вистинско татковство.

Бискупите и нивните заедници

Задачата на бискупот секако е да биде близок со Божјиот свет народ. Во таа насока, претседателот на Бискупската конференција на Лацио потсети на препораката, толку драга на Светиот Отец, да бидат како пастири кон своето стадо. Значи, треба да бидеме на средина на стадото, пред него и зад него, ако некој заостане да му помогнеме – изјави кардиналот Де Донатис.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот