Во телеграмата која ја потпиша кардиналот Пиетро Паролин, папата Фрањо изразува солидарност со сите кои ги погоди таа трагедија и се моли за оние кои ги оплакуваат своите драги и за сите кои се ангажираат во спасувањето на луѓето кои сè уште се заглавени во рудникот.
Папата Фрањо длабоко е ожалостен заради повредените и загубата на човечки животи кои го предизвика одрон во рудникот во местото Гбонипе на североистокот на Либерија – стои во телеграмата која ја потпиша Папскиот државен секретар кардиналот Пиетро Паролин упатена до претседателот на Епископската конференција на Либерија, епископот Ентони Фалах Борваху. Папата изрази искрена солидарност до сите кои ги погоди таа трагедија, молејќи се за оние кои жалат за загубата на своите мили како и за сите кои се вклучени во акцијата за спасување, и повика Божји благослов за сила и оздравување.
Уште 45 луѓе се заробени во рудникот за злато, чиј влез на 10 февруари го затрупа кал. Либериските власти изјавија дека спасувачите копаат со голи раце обидувајќи се да ги извлечат, со помош на вработените во Црвениот крст. Најмалку седум луѓе загинаа, а десетици се ранети.
Ватикан њуз/к.мк