Папата Фрањо на крајот од Генералната аудиенција во среда, 26 јануари 2022 година, повика на молитва за мир во Украина. Токму оваа среда Светиот Отец предложи да биде молитвен ден за мир во таа земја околу која има големи тензии.
Ве повикувам сега со молитвата ‘Оче наш’ да се помолиме за мир во Украина и ова често да го правиме во текот на овој ден: упорно да се молиме на Господ оваа земја да види како братството цвета и раните, стравовите и поделбите исчезнуваат. Зборувавме за холокаустот. Само помислете дека повеќе од пет милиони беа збришани за време на последната војна. Тоа е народ кој страда: претрпе глад, претрпе многу суровост и заслужува мир. Молитвите и молбите кои денес се издигнуваат во небо нека ги допрат духовите и срцата на одговорните на земјата, нека направат да надвладее дијалогот и доброто на сите да го стават пред парцијалните интереси. Ве молам, повеќе да нема војна! – повика Папата.
Ватикан њуз/к.мк