Примајќи ги во аудиенција во петок 17 јуни 2022 година членовите на надбискупската семинарија од Милано по повод 150-годишнината од теолошкото списание La Scuola Cattolica (Католичко училиште), Папата во говорот пред присутните рече дека на светот му требаат свештеници „стручњаци за човечност“, а не теологија, која се исцрпува во академските дебати. Проповедите и катехезите главно се состојат од морализми, истакна тој, кои не можат да ни зборуваат за Бога.
Добро да се формираат свештеници за да станат „стручњаци за човечност“, способни да ги слушаат страдањата на луѓето. Внимателно проучете ги и целосно проценете ги оние кои го започнуваат патот кон свештенството, земајќи ги предвид нивниот начин на живот, нивните чувства, ставови, улоги, одговорности, како и нивните слабости и неурамнотежености – рече папата Фрањо во говорот пред воспитувачите од надбискупската семинарија во Милано, но кое се однесува на сите оние кои ја вршат оваа служба и се грижат за раѓањето, следењето и распознавањето на звањата. Светиот Отец ги охрабри сите секогаш да ја имаат на ум поврзаноста меѓу верата и животот и никогаш да не запаѓаат во самореференцијалност. Поводот за аудиенцијата беше 150-годишнината од теолошкото списание на семинаријата, La Scuola Cattolica (католичко училиште), основано во 1872 година од група ломбардски свештеници.
Динамично изразување
Во својот долг говор, кој им го предаде на присутните, Папата посебно истакна три работи. Пред сè, теологијата е служба на живата вера на Црквата, затоа е потребна теологија на вечно жив, динамичен израз, која не може, а да не се развива и треба да се внимава да биде разбирлива. Понекогаш проповедите или катехезите што ги слушаме се во голема мера морализми, не се доволно „теолошки“ – забележа тој – односно не се во можност да ни зборуваат за Бога и да одговорат на прашања за смислата што го придружува животот на луѓето.
Свештеници – стручњаци за човечност
Светиот Отец потоа поттикна на теологија способна да формира стручњаци за човечност и блискоста. Неопходно е да се препознае дали некое лице може да појде по патот на звањето. По целиот пат, истакна Светиот Отец, треба да се поттикнуваат процеси за формирање зрели свештеници и посветени лица, „стручњаци за човечност“ и близина, а не службеници на светото.
Семинаристите и младите во формација треба да учат повеќе од вашиот живот отколку од вашите зборови; треба да научат попустливост од вашата послушност, трудољубивост од вашата посветеност, дарежливост кон сиромашните од вашата едноставност и достапност, а татковството од вашата чиста и непосесивна наклонетост – рече Папата, посочувајќи – На светот му требаат свештеници кои се способни да ја пренесат Господовата добрина на оние кои искусиле грев и неуспех; свештеници стручњаци за човечност, пастири подготвени да ги споделат радостите и напорите на браќата, луѓе кои знаат да го слушаат плачот на оние кои страдаат.
Евангелизацијата не е прозелитизам
Во оваа перспектива, теологијата станува служба на евангелизација, која – истакна папата Фрањо – никогаш не е прозелитизам, туку привлекување кон Христос. Сите мажи и жени имаат право да го примат Евангелието, а должност на христијаните е да го навестуваат, не искулчучувајќи никого. Целиот Божји народ го навестува Евангелието, затоа што, пред сè, народот е на пат кон Бога. На тој пат, дијалогот со светот, културите и религиите е од суштинско значење. Дијалогот е форма на прифаќање, а теологијата што евангелизира е теологија која се храни со дијалог и прифаќање – истакна Папата.
Духовното одело на теологот
На крајот потсети дека Светиот Дух секогаш дава поттик на посланието на Црквата. Затоа, „оделото“ на теологот е оној на духовен човек, понизен по срце, отворен за бесконечните новости за Духот и близок до раните на сиромашното, отфрленото и напатено човештво. Без понизност Духот бега, без понизност нема сочувство, а теологијата без сочувство и милост се сведува на стерилен говор за Бога; можеби убава, но празна, бездушна, неспособна да му служи на неговата волја да се воплоти, да биде присутен, да му зборува на срцето.
Добрите теолози, како и добрите пастири мирисаат на народот и улицата и со своето размислување на многумина им излеваат масло и вино – рече Папата и на крајот посака жива теологија која покрај знаење дава „вкус“, што е основа на сериозниот црковен дијалог, синодално расудување, кое треба да се организира и практикува во локалните заедници, за да се оживее вербата во денешните културни преобразби.
Ватикан њуз/к.мк