На почетокот на месецот посветен на Пресвета Богородица, папата Фрањо ги повика верниците и заедниците секој ден во мај да молат Света Бројаница за мир, со посебен осврт на украинскиот град посветен на Марија – Мариупол.
„Го обновувам барањето за поставување безбедни хуманитарни коридори за луѓето заробени во челичарницата на тој град. Страдам и плачам мислејќи на страдањата на украинското население, особено на најслабите, постарите и децата. Има дури и страшни вести за протерување и депортирање на деца“, рече папата Фрањо по молитвата на Царице небесна, која ја молеше со присутните на плоштадот Свети Петар.
„Додека сме сведоци на соблазното пропаѓање на човештвото, се прашувам, заедно со толку многу потресени луѓе, дали навистина бараме мир“, додаде тој, прашувајќи дали постои волја да се избегне континуирана воена и вербална ескалација; дали правиме се за да замолчи оружјето.
„Ве молам, не предавајте се на логиката на насилство, перверзната спирала на оружје. Да тргнеме по патот на дијалогот и мирот!“, е апелот на Папата, кој ги покани присутните на момент на молитва на плоштадот.
Ватикан њуз/к.мк
Таг: Папата повика во мај да се моли Бројаница за мир во Украина
Клучни зборови: папа Фрањо, Царице неебсна, Украина, Света Бројаница
Фотографија: Киев Украина
Мета опис: На почетокот на месецот посветен на Пресвета Богородица, папата Фрањо ги повика верниците и заедниците секој ден во мај да молат Света Бројаница за мир, со посебен осврт на украинскиот град посветен на Марија – Мариупол.
Број на статија и слика: 11883