Срамот е милост која нè оздравува од гревот – рече папата Фрањо во својата проповед на светата Литургија на 6 октомври 2017 година, во домот Света Марта.
Папата помина преку библискиот текст, застанувајќи на реалноста на гревот која – како во пророштвото на Варух. Гревот е во секој човек –цареви и кнезови, кај напите свештеници, нашите пророци и нашите татковци…“
Никој не може да каже: „јас сум праведен“ или „јас не сум како тој или како таа“; Јас сум грешник и би кажал дека речиси на сите тоа ни е „личното“ име кое сите го носиме: „грешници.“ А зошто сме грешници? Заради тоа што во односот кон Господ, речиси никогаш не сме послушни:
Тој кажува едно – ние правиме нешто друго. Не го слушаме неговиот глас; а Тој толку пати ни зборува. Во својот живот, секој може да размисли: „Колку пати Господ ми зборувал? Колку пати не сум го слушал, ниту чул!? Зборувал и за родителите, за семејствата, за катехистите, во црквата, во проповедите; зборувал во нашето срце“ – рече папата Фрањо.
Но, сме се побуниле – тоа е грев; „побуна“; тоа е „непокорност“; секој од нас одел „според наклонетоста на своето злобно срце“ секојдневно паѓајќи во „мало идолопоклонство“; тоа се алчноста, зависта, омразата, а посебно клеветењето: она кое Папата го дефинира како „војната на срцето за да се уништи другиот.“
А тоа е заради гревот, како што пишува Варух: „Затоа нè постигнаа неволји и клетва,“ бидејќи „гревот го уништува срцето, ја убива душата, ја ослабнува и ја прави болна“ – објасни Папата, секогаш тоа е грев во однос на Бог. „Не е тоа дамка која ќе ја отстраниш. Кога тоа би било дамка, би било доволно да отидеш на хемиски чистач и да дадеш да се очисти…
Не – продолжи Папата. Гревот е побуна против Господ. Тоа веќе само по себе е лошо, но лошо е и против Господ, кој е добар… Ако пак мислам на своите гревови, наместо да паднам во депресија, го чувствувам онаа големо чувство на срам – срам е она за кое говори пророкот Варух. „Срамот е милост“ – рече Светиот Отец.
Срамот ја „отвора вратата за оздравување“… Повикот кој Папата на крајот од своето размислување го упати е овој: чувствувајте пред Господ страв за своите гревови и замолете го за оздравување:
„Кога Господ ќе нè здогледа толку засрамени заради она што сме го направиле, и понизно молиме за прошка, а бидеји Тој е Семоќен, го брише тоа, нè прегрнува, милува и ни простува. Тоа е начинот за да дојдеме до прошка; она кое пророкот Варух денес нè учи. „Да Го славиме денес Господ, бидејќи својата семоќност сакаше да ни ја покаже токму преку милосрдието и простувањето“ – заврши папата Фрањо.
РВ/к.мк