Папата со поддршка на Маршот за живот во Вашингтон

Папата со поддршка на Маршот за живот во Вашингтон

Папата Фрањо ја изрази својата поддршка на „Маршот за живот“, кој на 27 јануари 2017 година се одржа во главниот град на САД, Вашингтон.

Во пораката – која ја потпиша Папскиот државен секретар, кардинал Пиетро Паролин – стои дека Светиот Отец неизмерно е благодарен за оваа извонредно сведоштво за светоста на секој човечки живот. Кардинал Паролин воедно потсетува на зборовите на Папата од постсинодскиот апостолски поттик Amoris Laetitia: „Човечкиот живот е толку вреден и правото на животот на невиното дете кое расте во мајчината утроба е толку неотуѓиво, што ниту едно наводно право… не може да ја оправда одлуката да се стави крај на тој живот“ (AL, 83).

Папата „верува дека овој настан – на кој толку многу Американци говорат во име на нашите најранливи браќа и сестри – ќе придонесе за мобилизација на совеста во одбрана на правото на животот и делотворните мерки со кои би се обезбедила нивната соодветна законска заштита,“ стои на крајот од пораката.

Секоја година во главниот град на САД се собираат повеќе од стотина илјади луѓе кои повикуваат на заштита на неродените, запирање на евтаназијата и за да се промовираат други pro-life прашања.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот