Ослободени од предрасуди, со Божја помош одиме кон полно заедништво – поттикна светиот Отец говорејќи на учесниците на лутеранско германското ходочастие, кои ги прими во салата Павле VI на 13 октомври 2016 година во Ватикан.
Околу илјада лутерани од германската покраина Анхалт која веднаш пристапила на реформата дојдоа во Ватикан. Во поздравниот говор претседателот на локалната Евангелистичка црква Јоаким Лиебиг рече дека денес во покраината религијата е малцинство. Папата го спомна патувањето во Лунд во Шведска на комеморацијата за 500 годишнина од реформите на Лутер, што ќе биде можност на Бог да му се заблагодари за педесет години службен дијалог помеѓу лутераните и католиците.
Денес на Бог му благодариме затоа што лутераните и католиците одиме заедно на патот кој од конфликт оди кон заедништво. Заедно поминавме важен дел од патот. Во одењето вкусуваме спротивставени чувства: болка заради поделбата која сѐ уште постои помеѓу нас, но и радост заради веќе пронајденото братство – истакна папата Фрањо.
Важниот дел на таа комеморација „ќе биде управувањето на нашите погледи кон иднината имајќи го во предвид заедничкото христијанско сведочење на денешниот свет кој е жеден за Бог и за неговото милосрдие. Светот очекува Божјото милосрдие да го направиме видливо преку служењето на сиромашните, болните, оние кои ја оставиле својата земја барајќи подобра иднина за себе и за своите сакани. Служејќи на сиромашните чувствуваме дека сме веќе обединети: Божјото милосрдие нѐ обединува – истакна Папата.
Се надеваме дека нашето взаемно разбирање ќе расте, свесни сме дека преку Крштението веќе сме обединети без оглед на отворените прашања кои сѐ уште нѐ делат. Она што нѐ обединува е многу повеќе од она што нѐ дели – заврши Светиот Отец.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк