Папата се повреди на десната подлактица

Папата се повреди на десната подлактица

Канцеларијата за печат на Светиот Престол објави дека папата Фрањо паднал во својата резиденција во Домот Света Марта во четвртокот наутро и поминал без без скршеници.

„Утрово, поради пад во Домот Света Марта, папата Фрањо се повреди на десната подлактица, без скршеници“.

Канцеларијата за печат на Светиот Престол ја пренесе веста преку соопштение објавено во четврток 16 јануари 2025 година, објаснувајќи дека „неговата рака е имобилизирана како мерка на претпазливост“.

И покрај падот, папата Фрањо продолжи со својата закажана аудиенција, вклучително и средба со Носифо Науска-Жан Џезиле, претседател на Комитетот за светска безбедност на храната (CFS).

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот