По молитвата Ангел Господов на 29 ноември 2020 година, папата Фрањо ја искажа неговата близна со настраданите од ураганите во Средна Америка и посака добар од во времето на адвент.
Драги браќа и сестри!
Би сакал уште еднаш да ја искажам мојата близина со населението во Средна Америка погодено од силни урагани, посебно сакам да ги спомнам островите Свети Андреј, Провиденција и Света Катарина, како и пацифичкиот брег на северна Колумбија. Се молам за сите земји кои страдаат од оваа природна катастрофа.
Срдечни поздрави упатувам до вас, верниците од Рим и поклониците од разни земји. Посебно ги поздравувам оние – за жал во многу ограничен број – кои дојдоа по повод именувањето на новите кардинали, што се одржа вчера попладне. Да се помолиме за тринаесетте нови членови на Кардиналскиот колегиум.
На сите ви посакувам пријатна недела и добар од во адвентот. Да настојуваме да извлечеме добро и од тешките ситуации што ни ја наметна пандемијата: поголема трезвеност, дискретно и насочено внимание кон ближните кои може да се во потреба, неколку моменти на едноставна семејна молитва. Овие три работи ќе ни помогнат многу: повеќе трезвеност, дискретно и насочено внимание кон најблиските кои можеби се во потреба, а потоа и ова е многу важно, неколку моменти на едноставна семејна молитва. Ве молам, не заборавајте да се молете за мене. Ви посакувам пријатен апетит и догледање.
Ватикан њуз/к.мк