Папата Фрањо испрати телеграма со сочувство до локалниот бискуп и верниците од епархијата Ондо, каде на 5 јуни, на празникот Педесетница се случи масакр, со повеќе од 50 жртви.
Телеграмата, потпишана од државниот секретар на папата, кардиналот Пиетро Паролин, е упатена до епископот Џуд Аронгунде. Во пораката Папата ја ветува неговата близина со оние кои се погодени од „овој чин на неискажливо насилство“.
Душите на покојните ги препорачува на благодатната љубов на Семоќниот Бог и моли за божествено исцеление и утеха за повредените и ожалостените. Светиот Отец се моли и за преобраќање на оние кои се заслепени од омраза и насилство, па така го избираат тоа наместо патот на мирот и правдата, се вели во пораката.
Завршувајќи ја телеграмата, папата Фрањо моли за благослов на утеха и сила за локалниот епископ и верниците и да продолжуват верно и храбро да ја живеат пораката на Евангелието.
Ватикан њуз/к.мк