Оваа намера папата Фрањо ја изрази за време на видео врска со казахстанскиот претседател Токаев. Конгресот ќе се одржи во септември во главниот град на Казахстан Нур-Султан.
Папата Фрањо ја објави својата намера да отпатува во Казахстан по повод седмиот Конгрес на лидерите на светските и традиционалните религии, што ќе се одржи во септември во главниот град на Казахстан Нур-Султан. Ова го потврди директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни. За тоа Папата зборуваше за време на видео врска со казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев.
Првиот конгрес на светските и традиционалните религии се одржа во Астана во 2003 година, а пример беше Денот на молитвата за мир во светот, кој по иницијатива на папата Иван Павле II. се одржа во Асизи, во јануари 2002 година, со цел да се потврди позитивниот придонес на различните верски традиции за дијалогот и хармонијата меѓу народите и покрај тензиите што се појавија по атентатите од 11 септември.
Следниот меѓурелигиски конгрес ќе се одржи на тема „Улогата на водачите на светските и традиционалните религии во социо-духовниот развој на човештвото во постпандемискиот период“.
Ватикан њуз/к.мк