Папата Фрањо му се јави на коптскиот православен патријарх на Египет како би ја обновил врската на братство во ова време на пандемија.
Папата Фрањо во недела телефонира со коптскиот православен патријарх Тавардос II. како би ја искажал својата близина со Коптската црква и целиот египетски народ и како на тој начин би се одбележал Денот на братска љубов помеѓу Коптската православна црква и Римската црква. Имено на 10 мај 1973 година прв пат се сретнале римскиот бискуп и коптскиот патријарх, односно папата Павле VI и Шенуда III. На истиот ден 2013 година патријархот Тавардос II. го посети папата Фрањо во Ватикан.
Како што јавија египетските медиуми, а пренесе Агенцијата Фидес, коптскиот православен патријарх за време на разговорот се осврнал на актуелноста, која во Египет е одбележана со пандемијата од болеста КОВИД – 19 и ги повтори зборовите кои свети Павле во Посланието до Римјаните каде што пишува дека Бог во се соработува на добро о оние кои го љубат (сп. Римјаните 8,28). Папата Фрањо па ја искажа својата љубов и почит кон Египет и Египќаните и истакна дека се придружува на молитвата за мир во светот, посебно во тешки денови.
На крајот од разговорот Светиот Отец и коптскиот патријарх се обврза да се молат за светот, Црквата и сите верници и дека ќе учествуваат на Светскиот ден на молитва, пост и дела на милосрдие за ослободување на планетата од коронавирусот, закажан за четврток 14 мај.
Станува збор за иницијатива на Високиот одбор за човечко братство, кој е составен од верски поглавари, научници и претставници од културата, христијани, муслимани, Евреи, вдахновени од документот за човечкото братство, кој во февруари минатата година го потпишаа папата Фрањо и големиот имам на џамијата ал – Азхат, Ахмет Ал – Тајеб
Ватикан њуз /к.мк