Папата: Простувањето го ослободува нашето срце

Папата: Простувањето го ослободува нашето срце

Простувањето го ослободува нашето срце и ни овозможува да започнеме одново. Простувањето ни дава надеж, а без него Црквата не може да се гради – порача папата Фрањо на своите следбеници на социјалната мрежа Твитер на 7 август 2017 година.

Како што кажа во својата проповед на Педесетница, Духот е првиот дар на Воскреснатиот и Го дава на учениците за да простуваат гревови. Овде го гледаме почетокот на Црквата, врзиво кое нѐ држи заедно: простувањето – рече Светиот Отец – го чува единството и покрај сѐ, го спречува падот, зајакнува и зацврстува.

Во вчерашната порака објавена на Твитер, Папата напиша дека „надежта е добродетел на срцето, која не се затвора во темнина, која не се задржува во минатото, туку е способна да ја види утрешнината. „Со тоа потсети на она што го порача на учесниците на конференцијата под наслов „Иднината си ти – The Future You“, во организација на непрофитната организација Технолигија, забава и дизајн (анг. Technology, Entertainment and Design). Во видео пораката објаснува дека надежта претставува врата која се отвора кон иднината. Надежта е понизно, сокриено семе на животот, која со текот на времето ќе се развие во големо стебло. Доволно е поединец за да постои надеж – рече Светиот Отец. Тој поединец можеш да бидеш ти. Потоа овде ќе има друго „ти“, па уште едно „ти“, и ќе стане „ние“. Започнува ли надежта со „ние?“ Не надежта започна со едно „ти“. Кога постои „ние“, тогаш започнува револуцијата на нежноста – истакна тогаш папата Фрањо.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот