Папата: Пред жариштата на омразата и осветата треба да се умножуваат „жариштата на милосрдието“
Папата Фрањо во салата Павле VI се сретна со учесниците на курсот за судот pro foro interno, кој беше инициран од Апостолската милостилница. Тој се осврна, исто така, со оглед на јубилејот во 2025 година, на потребата секогаш да има свештеници во исповедалниците подготвени да ги примаат покајниците со великодушно срце. И повторно нагласи дека никогаш не треба да разговарате со ѓаволот и дека свештениците не треба да бидат психијатри кога ја делат светата тајна Помирување.
Примете ги сите без предрасуди, слушајте ги браќата со увото на срцето, великодушно делете ја Божјата прошка, загарантирајте достапност во исповедалниците, исто така, и со оглед на јубилејот во 2025 година. Тоа, накратко, е сржта на говорот што папата Фрањо им го упати на учесниците на XXXIII курс за судот pro foro interno, кој се одржува деновиве на иницијатива на Апостолската милостилница, а кои на 23 март 2023 година ги прими во аудиенција. Тој ги охрабри присутните да продолжат со оваа формативна задача, која, како што рече, и прави многу добро на Црквата бидејќи помага лимфата на милосрдието да циркулира низ нејзините вени.
Ако некој не се чувствува како давател на милосрдието кое го прима од Исус, не треба да влегува во исповедалница – истакна Папата и го цитираше апостолскиот поттик „Evangelii gaudium“: Живеејќи од милосрдието и пружејќи го на сите, Црквата се остварува и го извршува своето апостолско и мисионерско делување. Речиси би можеле да кажеме дека милосрдието е вброено во карактеристичните знаци на Црквата; особено дава да блескаат светоста и апостолството.
Светиот Отец истакна дека не е можно, особено во оваа време на Великиот пост, да не се посвети внимание на практикувањето на пасторалното милосрдие, кое конкретно се изразува токму во целосната достапност на свештениците, без резерва, кон вршењето на службата помирување. Достапноста – според зборовите на Папата, се покажува пред сè во примањето на сите, без предрасуди, бидејќи само Бог знае што може благодатта да направи во срцата, во секој момент; потоа во слушањето на браќата со увото на срцето, ранети како Христовото; во разрешението на покајникот, великодушно делејќи го Божјото простување; и во придружувањето на покајничкиот пат, без принуда, држејќи чекор со верниците, со истрајно трпение и молитва.
Римскиот епископ ги поттикна свештениците на великодушност на срцето со свеста дека и самиот е свештеник, бидејќи е истовремено и покајник, истовремено грешник и служител на милосрдието. Тоа е твојата вистина. Ако некој не се чувствува како грешник – рече, ве молам нека не оди во исповедалница.
Потоа се осврна на тензиите во светот кои често прераснуваат во изразување на омраза и насилство и истакна:
Во светот, за жал, тоа го гледаме секој ден, не недостигаат жаришта на омраза и одмазда… Затоа, ние, исповедниците, треба да ги умножиме „жариштата на милосрдието“. Да не заборавиме дека се наоѓаме во натприродна борба, борба која изгледа особено опасна во нашето време, иако веќе го знаеме конечниот исход од Христовата победа над силите на злото, но борбата сè уште трае. Таа победа всушност се остварува секогаш кога покајникот ќе биде разрешен од гревот. Ништо не го оддалечува и не го победува злото повеќе од Божјото милосрдие.
На крајот, истакнувајќи колку е изобилно Божјото простување, Папата ја пофали одлуката на Апостолската милостилница деновите на формативниот курс да ги заврши со покорничко славење што ќе се одржи утре во црквата „Santo Spirito“ во Сасија и ги охрабри присутните повторно да се открие, теолошки да се продлабочи и пасторално да се прошири – исто така и со оглед на јубилејот – тоа природно проширување на милосрдието, односно простувањето.
Ватикан њуз/к.мк