Папата: Првата задача на епископот е молитвата

Папата: Првата задача на епископот е молитвата

Во земја ангажирана во надминувањето на длабоко вкоренетите поделби и во градењето на националното единство, нека Црквата во Мјанмар го следи повикот за поттикнување на единство, љубов и оздравување во животот на луѓето – рече Папата на средбата во катедралниот комплекс во Јангон, со локалните епископи.

Во земја ангажирана во надминувањето на длабоко вкоренетите поделби и во градењето на националното единство, нека Црквата во Мјанмар го следи повикот за поттикнување на единство, љубов и оздравување во животот на луѓето, дозволувајќи католичката заедница и понатаму да има конструктивна улога во животот на општеството, давајќи да се слушне нејзниот глас по прашањата од национален интерес, посебно инсистирајќи на почитувањето на достоинството и правата на сите луѓе, а на посебен начин на најсиромашните и најранливите – рече Папата на средбата во катедралниот комплекс во Јангон, со локалните епископи.

Таа средба беше – како што рече Светиот Отец – момент за размислување за радостите и предизвиците во нивната служба, пред стадото кое ги носи знаците на конфликтот и кое има дадено вредни сведоци на верата и многу стара традиција. После поздравот на епископот Феликс Лиjан Кен Тханг, претседател на Мјанмарската епископска конференција, папата Фрањо во говорот размислуваше на теми како што се оздравувањето, придружбата и пророштвото.

Единството кое го делиме и го славиме се раѓа од различностите – рече Папата и додаде: Разликите меѓу луѓето се вреднуваат како извор на взаемно збогатување и раст, и повикуваат да се сретнат во културата на средба и солидарност. Светиот Отец посебно го истакна ангажирањето во поттикот за оздравување и заедништво на сите нивоа во животот на Црквата, за да се постигне мирот кој светот не може да го даде.

Католичката заедница во Мјанмар може да биде горда на своето пророчко сведоштво на љубовта кон Бог и ближниот, која се покажува во заземањето за сиромашните, за оние кои се лишени од правата и посебно во ова наше време, за бројните бездомници кои кажи речи, лежат ранети на рабовите на улиците. Притоа Папата се заблагодари на сите кои на нив и на ближните кои се во потреба, без разлика на религијата или етничката припадност, го даваат мелемот за оздравување.

Истакнувајќи го потоа заземањето за екуменски дијалог и меѓурелигиска соработка, Папата рече дека се моли за тоа, нивните постојани напори за градење на мостови на дијалог, и во придружувањето на следбениците на другите религии за воспоставувањео на односи на мир да донесат богати плодови за помирување во животот на таа земја. Во тој контекст, минатата пролет во Јангон е одржана меѓурелигиска мировна конференција која – според зборовите на Папата – пред целиот свет беше важно сведоштво на одлучноста на религиите да живеат во мир и да го отфрлат секој чин на насилство и омраза направен во име на религијата. Притоа уште еднаш истакна дека Црквата е „полска болница“ која треба да ги лекува раните.

Папата Фрањо потоа повторно зборуваше за епископите како пастири кои мирисаат на овците, заедно со Божјиот мирис и за Црквата „на излегување“ кон перифериите. Вашите животи и вашата служба се повикани да се обликуваат според тој дух на мисионерско ангажирање, и тоа преку редовни пасторални посети на парохиите и заедниците, како нивни татковци, да ги следите свештениците во нивната работа со цел, раст на нивното стадо во светоста, верноста и духот на служењето. Бидејќи – објасни Папата додавајќи – најблискиот„ближен“ на епископот е токму свештеникот.

Поаѓајќи од цврстата вера и ревносниот мисионерски ентузијазам наследени од евангелизаторите на таа азиска земја и со помош на катехистите кои се темелот на секоја парохија, Папата посака наод епископите да ги поттикнуваат лаиците во духот на вистински мисионери ученици, барајќи мудра инкултурација на евангелската порака. Освен тоа Папата зборуваше за придружувањето на младите кон здравите морални начела за да се соочат со предизвиците на светот кој е во брзи промени, и кои се во опасност од идеолошка и културна колонизација.

Во однос на Епископската синода во 2018 година, која ќе биде посветена токму на младите, папата Фрањо потсети дека еден од големите благослови на Црквата во Мјанмар се токму нејзините млади, и посебно бројот на семинаристите и младите на Бога посветени лица. Затоа ги поттикна епископите да се вклучат и да го поддржуваат нивниот пат на верата, затоа што се – како што рече – повикани по патот на својот идеализам и ентузијазам да бидат радосни и уверливи евангелизатори на своите врсници.

Што се однесува до локалната Црква, треба да се истакне и заради нејзиното воспитно и каритативно делување, заштитата на човековите права, и поддршката на демократските начела. Папата изрази доверба во петгодишниот пасторален план кој Црквата го состави во поширок контекст за градење на државата, за да донесе изобилни плодови, и тоа не само за иднината на локалната заедница, туку и за целата земја. Папата тука посебно мислеше – како што рече – на потребната заштита на животната средина и на гарантирањето на исправното искористување на богатите природни извори на таа земја, во корист на идните генерации. Зачувувањето на Божјиот дар на сето создание – потсети Папата – не може да се одвојува од здравата човечка и општествена екологија.

Последната препорака која папата Фрањо ја даде на мјанмарските епископи беше да одржат рамнотежа во телесното како и во духовното здравје, мислејќи исто така на здравјето на свештениците и растејќи секојдневно во молитвата и искуството на Божјата помирлива љубов, затоа што молитвата е првата задача на епископот; таа е темелот на свештеничкиот идентитет, гаранција за темелноста на проповедањето и изворот на пасторалната љубов.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот