Лав XIV им се обрати на учесниците на меѓународен еколошки форум со повик да продолжат да работат на создавање нова култура на грижа за животната средина.
Пораката беше прочитана на XVII Меѓународен форум на организацијата „Greenaccord“, кој се одржа од 18 до 21 март 2026 година во италијанскиот град Тревизо, под мотото: „Да ја градиме иднината заедно. Ново човештво жедно за иднина“. Учесниците разговараа за проблемите на климатските промени и за растечката еколошка вознемиреност кај младите.
Повик за поголема еколошка одговорност
Во пораката, потпишана од државниот секретар кардинал Пјетро Паролин, Светиот Отец нагласи дека „еколошката одговорност не се сведува само на технички знаења. Тие се неопходни, но не се доволни. Потребно е образование што ги опфаќа умот, срцето и рацете: нови навики, заеднички стилови на живеење и доблесни практики“, се наведува во пораката.
„Преку заедничко соочување со денешните кризи, можеме да создадеме општествена средина која е знае да почитува и инклузивна, за да обезбедиме подобра иднина за новите поколенија“, пишува Папата.
Светот како дар, а не ресурс за експлоатација
На форумот беше претставено и размислување на кардинал Паролин, посветено на „Песната на созданието“ од свети Фрањо од Асизи на 800-годишнината од неговата смрт. Текстот го прочита кардинал Бениамино Стела. Ако навистина сакаме заедно да ја градиме иднината, треба да се промениме и да почнеме да мислиме и да живееме поинаку, односно „да го преминеме прагот“ и „да влеземе во нов дом“, напиша државниот секретар.
Според него, „Песната на созданието“ не е само убаво поетско славење на природата, туку духовен и интелектуален поглед што нè учи светот да не го гледаме како нешто што треба да се поседува и експлоатира, туку како реалност за која постојано треба да се грижиме. Кога човек ја нарекува природата „брат“ или „сестра“, како што поучува свети Фрањо од Асизи, тоа значи дека не ја смета за своја сопственост. Тој сфаќа дека светот не е ресурс за експлоатација, туку дар што треба да се препознае и да се прими.
Вештачката интелигенција како испит на човечката зрелост
Говорејќи за вештачката интелигенција, кардинал Паролин истакна дека таа претставува испит за нашата антрополошка зрелост. Важно е проблемите да не се „поправаат“ дури подоцна, туку уште од самиот почеток технологиите да се развиваат одговорно, со мисла за последиците, за моделите на управување, за транспарентноста и за одговорноста во врска со алатките и податоците.
„Песната на созданието“ и културната дипломатија
„Песната на созданието“ нè поучува на духовност на дијалог и на „дипломатија на културите“ во најдлабока смисла. Денешниот проблем, забележа државниот секретар, не е само притисокот врз екосистемите, туку и губењето доверба меѓу народите, геенрациите и заедниците. Вистинската соработка не е патернализам, туку препознавање на меѓузависноста: никој не се спасува сам. Запознавањето со другиот не е шпионирање или површна љубопитност, туку важен начин за рушење стереотипи и спречување конфликти.
Грижата за созданието, мирот и човечкото достоинство
На крајот се нагласува дека грижата за животната средина е нераскинливо поврзана со грижата за мирот и човечкото достоинство. Кога ја повредуваме природата, се распаѓа и општеството. Кога човечкото достоинство е газено, природата станува жртва. А кога односите се разрушени и довербата исчезнува, технологијата почнува да разделува.
Затоа, „да ја градиме иднината заедно“ значи не само навреме да дејствуваме, туку и да обликуваме нов начин на мислење, нов „стил на душата“ и на институциите, дипломатија на мирот што започнува од јазикот и продолжува преку соработка и заштита на најранливите.
Ватикан њуз/к.мк

