Во обраќањето по молитвата Ангел Господов Светиот Отец верниците ги потсети на беатификацијата на дон Франческо Мотола и Марија Лоренца Лонго и повика на молитва за оние кои стрдаат од ментални пореметувања за да не бидат дискриминирани и напуштени, туку прифатени и поддржани.
Вчера во Наполи, а денес во Тропеи во Калабрија се воздигнат во чест на олтарот Марија Лоренца Лонго и дон Франческо Мотола.
Марија Лоренца Лонго беатифицирана е во Наполи на 9 октомври. Сопруга и мајка од 16 век, блажена Марија останала вдовица и во 1519 година во Наполи основала болница за т.н. „неизлечливи“ – односно оние кои боледувале од сифилис и основачка е на капуцинските клариси. Таа е жена на голема вера и интензивен молитвен живот која дала се од себе за потребите на сиромашните и страдалниците, рече Папата.
Дон Франческо Мотола пак денес е беатифициран во Калабрија. Основач е на Облатите на Пресветото Срце, а починал во 1969 година. Ревен парох и неуморен навестител на Евангелието, бил примерен сведок на свештенството кое се засновало на милосрдието и размислувањето, нагласи Светиот Отец.
Потоа Папата се осврна и на одбележувањето на Светскиот ден на менталното здравје, присетувајќи се на браќата и сестрите кои страдаат од ментални пореметувања, додавајќи и дека младите не ретко се жртви на самоубиство. Светиот Отец повика на молитва за нив и за нивните семејства за да не бидат напуштени или дискриминирани, туку прифатени и поддржани.
Поздравувајќи ги на крајот верниците собрани на плоштадот Свети Петар, сите ги повика да молат за претстојната канонизација на сестра Марија Бернадета од Безгрешната за која епископската постапка за беатификација е отворена во 2019 година.
Ватикан њуз/к.мк