Светиот Отец на 29 јануари 2018 година ги прими во аудиенција учесниците на Меѓународната конференција за одговорност на државите, установите и поединци во борбата против антисемитизмот на подрачјето на ОБСЕ, која овие денови се одржува во Рим. На оваа конференција учествуваше и македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров, кој беше дел од делегацијата која ја прими папата Фрањо.
При тоа Папата ги поттикна да не попуштат во борбата против антисемитизмот. Тој предупреди дека одговорноста не е само кај државите, туку и поединците да не дојдат до злосторство поврзано со антисемитска омраза, напоменувајќи дека не треба да се бори само против отворената омраза, туку и против рамнодушноста.
А за да го надминеме „вирусот на рамнодушноста“ Папата ја препорача „вакцината сеќавање“. При тоа одлучувачко е да да се сеќаваме не само на славното и пријатното, туку на сѐ, па и на болното и неугодното. За да ја добиеме повторно човечноста, човечкото разбирање на реалноста и да би можеле да ги надвладееме разните облици на апатија кон другите, потребно е токму сеќавањето, способност заедно да се присетуваме – рече папата Фрањо и потсети дека сеќавањето е клуч за иднината, а на нас е на достоен начин да го предадеме на генерациите кои доаѓаат.
РВ/к.мк