Во обраќањето по молитвата Ангел Господов во недела 30 јуни 2024 година, Папата го повика Пресветото Срце Исусово да допре до срцата на оние кои водат војни. Потоа ги охрабри верниците да не ги заборават земјите погодени од насилство: Украина, Светата Земја, Мјанмар. Осврнувајќи се на светите Римски првомаченици, тој истакна дека и денес живееме во време на мачеништво, „повеќе отколку во првите векови“: „Во различни делови на светот, многу браќа и сестри трпат дискриминација и прогонство поради нивната вера, некои дури и мачеништво во „бели ракавици“.
Во своето пладневно обраќање на последниот ден од јуни, месецот традиционално посветен на Пресветото Срце Исусово, папата Фрањо молеше Срцето Исусово да ги повикан на преобраќање оние кои ја поттикнуваат спиралата на конфликти – извлекувајќи од нив, како што неодамна рече, профити и добивки – да се преобратат – и да ја вложат својата енергија, ресурси и одговорности во иницијативи насочени кон градење иднина на праведен и траен мир.
Да го молиме Пресветото Срце Исусово да допре до срцата на оние кои сакаат војна, да се свртат кон проекти на дијалог и мир.
Молитвата до Пресветото Срце Исусово папата Фрањо ја воздигна веќе на 5 јуни, на крајот од Генералната аудиенција, најавувајќи и подготовка на нов документ за оваа побожност, кој ќе биде објавен во септември, со цел да се размислува не само за аспектите на љубовта Господова за обнова на црквата, но и за – како што рече тогаш Светиот Отец – да испрати важна порака до светот, кој изгледа дека го изгуби своето срце.
Да не ги заборавиме земјите измачени од насилство
Да не ги заборавиме земјите измачени од насилство, односно на свет кој би можел да се навикне на насилството што се случува на други територии. Затоа Папата оваа недела уште еднаш ги охрабри верниците собрани на плоштадот Свети Петар, како и сите кои беа поврзани преку медиумите, да се молат и да не ги заборават земјите измачени од насилство.
Браќа и сестри, да не заборавиме на страдањата во Украина, Палестина, Израел, Мјанмар и многу други места каде што војната предизвикува толку многу страдања.
Денеска има многу маченици дури и повеќе отколку во првите векови
Продолжувајќи во обраќањето по молитвата Ангел Господов, Папата потсети на литургискиот спомен на светите апостоли Петар и Павле, светите Римски првомаченици, односно првите свети маченици на Римската црква, како и на сите оние безимени маченици кои загинаа заедно со Петар и Павле во антихристијанските прогони во времето на Нерон. Тоа е пример на вера и мачеништво – истакна папата Фрањо – кој не престанува и денес.
И ние живееме во време на мачеништво, дури и многу повеќе отколку во првите векови; во различни делови на светот, многу браќа и сестри трпат дискриминација и прогонство поради нивната вера, правејќи ја така Црквата плодна.
Мачеништво во „бели ракавици“
Други пак се соочуваат со „мачеништво во бели ракавици“ – истакна Папата, употребувајќи добро познат израз што го користи уште од првите години на неговиот понтификат за да предупреди на подмолнтоо прогонство, кое исто така „на елегантен начин“ ги оттурнува христијаните, ги става настрана и дискриминира во политичкиот и општествениот живот. И тоа не само на проблематичните места во светот, туку и во самата Европа. Папата Фрањо затоа поттикна молитва за сите нив. Да ги поддржиме со нашите молитви и да бидеме вдахновени од нивното сведоштво за љубовта кон Христа.
Ватикан њуз/к.мк