Канцеларијата за печат на Светиот Престол во четврток, 14 декември, објави дека за време на аудиенцијата со Дикастеријата за прогласување на светци, префект на Дикастеријата за прогласување на светци, папата Фрањо ја овластил истата Дикастерија да објави осум декрети со кои се признава чудото што им се припишува на двајца чесни слуги Божји, декрет за мачеништво на петмина свештеници и еден семинарист и декрети за херојскиот степен на добродетелно живеење на тројца Божји слуги.
Двата одобрени декрети се однесуваат на чуда што им се припишуваат на двајца чесни Божји слуги. Првиот декрет признава чудо што му се припишува на застапништвото на мексиканскиот свештеник Мојсес Лиро Серафина, монах на Мисионерските синови на Светиот Дух и основач на Конгрегацијата на сестрите мисионерки на безгрешното зачнување на Марија. Друг декрет признава чудо што му се припишува на застапништвото на шпанската босонога кармелитка Ана де Хесус, родена Ана де Лобера и Торес.
Папата го одобри и програсувањето на декретот за мачеништво за пет свештеници и еден семинарист, кои сите беа Божји слуги. Првиот, Џузепе Роси, бискупски свештеник, роден на 3 ноември 1912 година, а бил убиен поради омраза кон верата, на 26 февруари 1945 година, во близина на Кастиљоне Осоло, Италија.
Со декретите исто така се признава и мачеништвото на четворица Божји слуги кои се убиени поради омраза кон верата на 28 ноември 1964 година во Барака и Физи, Демократска Република Конго. Тое се: Луиџи Карара и Џовани Дидоне, монаси на Дружбата на мисионери на Светиот Дух за мисии; Виторио Фацин, монах од истата Дружба; и Алберт Жубер, бискупски свештеник.
Списокот на декретите го вклучува и Божјиот слуга Јан Хавлик, семинарист на Дружбата на мисионери на Свети Винко Паулски, убиен поради омраза кон верата на 27 декември 1965 година во Скалица, Словачка.
Останатите три декрети, кои се однесуваат на херојскиот степен на живеење на добродетелите, се однесуваат на божјиот слуга Алберто Берета (р. Енрико), свештеник од редот на малите браќа капуцини; Ернесто Гулиелмо Кофиња Убика, верник и семеен човек од Гватемала; и Франческа Ланчелоти, италијански верничка лаик верник и мајка на семејство.
Ватикан њуз/к.мк