Папата одговори на писмо од деветгодишно момче

Папата одговори на писмо од деветгодишно момче

Деветгодишниот Андреја беше сигурно најсреќното момче во моментот кога дозна дека доби писмо од папата Фрањо. Малото момче во едно писмо најпрво му раскажува на папата Фрањо за неговата Прва Причест и подарокот што го доби: поклонение во Лорето.

Папата Фрањо му одговори на момчето, како што известува на 19 јули 2017 година интернет изданието на весникот lsussidiario.net: „Драги Андреа, убаво е што го добив твоето писмо и што преку него дознав за многу важниот настан, кој што го доживеа заедно со Униталси на поклонението во Лорето.“ Во своето писмо Андреа го поканува Папата на поклонение.

Папата во писмото пишува дека му причинува посебна радост да биде со децата. Папата Фрањо му дава на малото момче и еден совет. „Никогаш не вели никогаш“. Потоа Папата се заблагодарува на групната фотографија од поклонението во Лорето, која беше приложена во писмото. „Можам да забележам дека сте многубројни и дека сите сте прекрасни. На крајот Светиот Отец го завршува писмото со зборовите: Го упатувам мојот искрен благослов за тебе, како и за твоите родители, волонтерите, свештениците и лицата задолжени за УНИТАЛСИ.”

Зенит/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот