Светиот Отец испрати писмо до шефовите на држави во кое изразува желба да ги помилува затворениците за кои се смета дека „имаат право и корист од таквата одредба“.
Папата Фрањо ја изрази својата желба за „гест на помилување“ за затворениците во пресрет на Божиќ. Во писмото упатено до шефовите на држави, Римскиот епископ ги повикува да го сторат тоа „кон нашите браќа и сестри кои се лишени од својата слобода и за кои се смета дека можат да имаат корист од таквата одредба“
Директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни, рече дека желбата е „ова време обележано со тензии, неправди и конфликти да се отвори за благодатта што доаѓа од Господ“.
Миење нозете на затворениците: „Бог секогаш простува“
Во 2000 година, папата Иван Павле II. испрати барање за помилување на затворениците до шефовите на државите во документ на единаесет страници по повод одбележувањето на јубилејот во затворите. Една недела потоа, на 9 јуни, папата Иван Павле II. го посети римскиот затвор „Regina Coeli“ и во име на Исус кој бил „затворен, исмејуван, суден и осуден“ побара од „надлежните органи“ намалување на казната, за да можат затворениците да изградат нов живот по излегувањето од затворот.
Папата Иван Павле II. ова барање го повтори на 14 ноември 2002 година до сенаторите и пратениците со кои се сретна при неговата посета на италијанскиот парламент.
Папата Фрањо ја покажа својата близина со затворениците за време на многу апостолски посети, како и во други ситуации, посебно во Страсната седмица за време на обредот Миењет нозете на Велики Четврток.
Јубилеј 2016 за затвореници
Во Светата година на милосрдието 2016 година, по повод јубилејот на затворениците на 6 ноември, за време на молитвата Ангел Господов во базиликата Свети Петар со затворениците, тој ги поттикна владите да им дадат помилување.
По тој повод Светиот Отец упати апел „за подобрување на условите за живот во затворите ширум светот, за целосно почитување на човечкото достоинство на затворениците“.
Исто така се осврна и на „потребата од кривично-правен систем кој не е исклучиво криминален, туку отворен за надежта и перспективата за реинтеграција на притворените во општеството“.
„На посебен начин ја ставам за размислување до надлежните граѓански органи на секоја земја можноста за извршување на чин на помилување за оние затвореници за кои се смета дека имаат право и корист од оваа одредба, во оваа Света година на милосрдието“, истакна Папата.
Ватикан њуз/к.мк