Во понеделник 1 јуни 2020 година во Ватикан е објавено Апостолско писмо на папата Фрањо во облик на Мото проприо со наслов „Правила за транспарентност, контрола и конкуренција на јавните договори на Светиот Престол и градот Државата Град Ватикан“, со кој се уредува подобро управување со ресурсите и намалување на опасноста од корупција.
Документот се состои од 86 члена на кои се додадени уште 12 кои се однесуваат на судската заштита и случаи на парници и се плод на четиригодишна работа на различни ватикански канцеларии и ќе служи како единствена референца за сите институции на најмалата држава во светот. Целиот текст ќе биде објавен во полуслужбениот ватикански дневен весник Осерваторе Романо, а на сила ќе стапи за 30 дена.
Правилата се дел од најнапредното меѓународно законодавство од ова подрачје, објави Канцеларијата за печат при Светиот Престол. Исто така се истакнува дека мисла водилка на новиот текст е грижливост на добриот татко во семејството, со што се бара ефикасно и етичко управување со своите ресурси, а истовремено се промовира транспарентност, контрола и чесно однесување кон вистинска конкуренција помеѓу оние кои сакаат да воспостават економски однос со заинтересираните тела.
Членот 5 од документот зборува за основните принципи како што се: етика во ориентација на економскиот избор и соговорник со параметрите за почитување на социјалната наука на Црквата, административна автономна и супсидијарност во одлуките на телото во управувањето, соработка меѓу одделите и различните управи.
Ова мото проприо е дел од реформите кои ги започна папата Фрањо со цел постигнување поголема транспарентност во работата на сите оддели на Светиот Престол и спречување на било каков облик на корупција.
Ватикан њуз/к.мк