Папата ненадејно појде во базиликата Свети Петар да се помоли на гробот на Пиј X.

Папата ненадејно појде во базиликата Свети Петар да се помоли на гробот на Пиј X.

Папата Фрањо повторно непланирано излезе од Домот Света Марта, каде што продолжува да закрепнува и каде повторно започна со средби. Денеска, 10 април, околу 13 часот, Светиот Отец отиде во базиликата Свети Петар, каде се сретна со стотина верници кои му пријдоа да го поздрават и да го добијат неговиот благослов.

По изненадувањето минатата недела, кога 20.000 верници се собраа на плоштадот Свети Петар на јубилејот на болните, ненадејно го видоа Папата како пристигнува во количка. Оваа попладне пак, околу 13 часот, папата Фрањо го напушти Домот Света Марта, каде што продолжува да закрепнува, и отиде во базиликата Свети Петар. Светиот Отец помина помалку од десет минути во тивка молитва пред гробот на папата Пиј X, првосвештеник за кого, како што секогаш велеше, беше многу приврзан и за кого се помоли минатата недела. Тој застана и пред споменикот посветен на Бенедикт XV, папата од Првата светска војна и го посети обновениот гроб на папите Павле III. и Урбан VIII.

Стотици луѓе го поздравија Папата

Неколку минути сепак беа доволни да се изненадат стотиците луѓе кои тогаш беа во базиликата Свети Петар, а се собраа да го поздрават Папата. Меѓу нив имаше и неколку реставратори кои во тој момент работеа на реставрација, предводена од работилницата на Свети Петар и кои се ракуваа со Папата, како и неколку деца, кои тој ги благослови, но и цели групи ходочесници кои пристигнаа во Рим за јубилејот.

„Поради возбудата не можев да направам ниту една фотографија“, рече монсињор Валерио Ди Палма за ватиканските медиуми, каноник на базиликата Свети Петар. Кога излегол од сакристија, привлечен од метежот, ја видел количка со Папата, туркана од Масимилијано Страпети, неговиот личен здравствен асистент. Наоколу биле членовите на жандармеријата кои го одржуваа редот.

Од папата Фрањо не дојде ниту еден збор, само гестови. Гестови на близина и наклонетост кон оние што ги сретна. Некои дури застанаа во ред само за да го почувствуваат моментот на близина со Римскиот бискуп во време кога, поради неговото закрепнување, јавните настапи стануваат сè поретки.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот