Во хомилијата подготвена за благодарната света Литургија со Вечерна од часословот и благодарниот фалоспев Te Deum – која ја прочита кардинал Ре наместо Папата кој заради ишијас е принуден да мирува – Светиот Отец повика да се пронајде „смислата“ на драмата која ја означи 2020 година, тие „гестови на близина и солидарност“ кон болните, а посебно кон оние кои се погдени од последиците на Ковид-19.
Со молитвата Вечерна од часословот и свечениот фалоспев Te Deum, верниците во базиликата Свети Петар во Ватикан ја прославија благодарната света Литургија. Вечерната молитва и светата Литургија ги предводеше деканот на кардинлскиот збор кардиналот Џовани Батиста Ре наместо папата Фрањо кој заради ишијас е принуден на мирување.
Ова вечерна служба има секогаш двојно значање: со Литургијата свечено влегуваме во празникот Пресвета Богородица Марија, Богородица; во исто време ја завршуваме календарската година со голем фалоспев – се истакнува на почетокот на хомилијата која ја прочита кардиналот Ре.
Кажа дека би можело да звучи присилено, речиси па и незгодно да се заблагодариш на Бог на крајот на една година како оваа – обележана со пандемија.
Понекогаш некој ќе се праша: која е смислата на драмата како ова? Не треба да брзаме со одговорот на тоа прашање. На нашите највознемирени прашања „зошто“ ниту Бог не одговара, повикувајќи се на повеќе причини. Божјиот одговор поминува преку овоплотувањето, како што набрзо ќе го запееме антифонот „Величај“: „Заради големата љубов со која нè возљуби – Бог Го испрати Синот во обличје на грешно тело“ – истакнува Папата во својата хомилија. (…)
Бог е пастир, а кој пастир би ви ја оставил загубената, па и само една од овците мислејќи дека и онака му преостануваат многу други? Не, таков циничен и немилосрден бог не постои. Тоа не е Бог Кој ние го фалиме и исповедаме Господ – порача.
Потоа ја допре пандемијата која во светот трае речиси година дена. Се присетува на параболата за Добриот Самарјанин кој го наоѓа повредениот човек на патот. Не застанал да проповеда за тоа која е смислата на тоа што му се случило, за да го убеди на крајот дека тоа е и добро за него. Самарјанинот потикнат од сочувствителноста се наведнал над тој странец и постапил со него како со брат и се погрижил за него правејќи сè што можел.
Да, овде веќе би можеле да пронајдеме некоја смисла на драмата наречена пандемија како и другите камшици со кои човештвото е погодено: тоа во нас да пробуди сочувствителност и да покрене ставови и дела на близина, грижа и солидарност. Многу луѓе без голема врева настојуваа тежината на овие искушенија да биде поподнослива. Со нивните секојдневни залагања кои ги придвидуваше љубовта кон ближниот, се остварија зборовите во химната „Тебе Боже Те фалиме“: Секој ден Те благословуваме, Го славиме Твоето Име засекогаш“. Затоа што благословот и пофалбата кои Бог најмногу ги сака е братската љубов – рече кардиналот Ре, читајќи ја хомилијата на Светиот Отец.
Со благодарност Папата се сеќава на сите здравствени работници и сите оние кои се залагаат секој ден за благосостојбата на своето семејство и лично да служат на општото добро. Исто така се сеќава на извршителите на јавните служби кои умеат да ги вреднуваат сите постоечки добри ресурси во градот и околината кои се отргнати од сопствените и партиските интереси кои се залагаат за вистинското добро на сите, започнувајќи од оние во неповолни услови.
Сето ова не би можело да се случи без милостите, без Божјото милосрдие. Ние тоа добро го знаеме од искуство. Во тешките моменти обично се браниме, се штитиме себе и своите мили, ги браниме своите интереси… Како е тогаш можно толку луѓе без никаков надомест освен да прават добро да наоѓаат сила за да се грижат за другите? Што е тоа што ги поттикнува да се одречат од нешто свое, од својата удобност, од своето време, од своите добра за да го дадат тоа на другите? На крајот на краиштата, ако тие за тоа и не размислуваат, ги поттикнува Божјата сила, која е посилна од нашата себичност. Затоа да му одадеме благодарност на Него затоа што веруваме и знаеме дека секое добро кое од ден на ден се случува на земја на крајот доаѓа од Него – завршува хомилијата на Папата.
Ватикан њуз/к.мк