Папата на твитер повика да го упатиме погледот на јаслите

Папата на твитер повика да го упатиме погледот на јаслите

Папата Фрањо на твитер порачува: „Да дозволиме да нѐ допре нежноста која нѐ спасува. Да се приближиме до Бог Кој нѐ привлекува кај себе. Да застанеме за да го упатиме својот поглед на јаслите.“

Да се потсетиме дека Светиот Отец пред 20 дена на донаторите на јаслите и божиќното дрво кои се наоѓаат на плоштадот Свети Петар им кажа дека „јаслите и божиќното дрво ја творат пораката на надежта, љубовта, помагаат да се создаде соодветна божиќна атмосфера, со вера да го живееме таинството на раѓањето на Откупителот Кој на светот дојде во едноставност и понизност.“

Тогаш изрази надеж дека набљудувањето на јаслите ќе ни помогне да ја откриеме пораката на братството, споделувањето, прифаќањето и солидарноста, а исто така рече дека јаслите нѐ повикуваат во нашите животи и во општеството да направиме место за Бог, сокриен на лицата на толку луѓе кои се во неволја, беда и сиромаштво.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот