Папата на Твитер пишува за правото на живот

Папата на Твитер пишува за правото на живот

 на светото богатство на секој човечки живот, од зачнувањето сѐ до крајот, е најдобриот пат за спречување на секој облик на насилство – напиша папата Фрањо на 27 март 2017 година на Твитер, објавено на девет јазици на неговиот профил@Pontifex.

Во апостолкиот поттик „Evangelii Gaudium“ истакнува дека Црквата секогаш е на страната на најслабите, а меѓу нив се и децата кои треба да се родат, кои се незаштитени и најневини од сите, и на кои денес сака да им се оспори човечкото достоинство за со нив да може да се работи што се сака, одземајќи им го животот и промовирајќи такви закони и како тоа никој да не може да го спречи (213). Не треба да се очекува – напиша папата Фрањо – Црквата да го промени својот став по тоа прашање. Што се однесува до тоа сакам да бидам целосно искрен. Тоа не е аргумент подложен на евентуални реформи или модернизација. Не е напредно да се очекува дека проблемите се решаваат отстранувајќи човечки живот. Но, исто така е вистина дека малку сме направиле за да им помогнеме на соодветен начин на жените кои се во многу тешки ситуации, на кои абортусот им изгледа брзо решение за нивната голема вознемиреност (214) – стои во апостолскиот поттик.

РВ/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот