Папата на средба со посветените лица во Џенова

Папата на средба со посветените лица во Џенова

На средбата со епископите, свештениците, монасите, монахињите, и семинаристите, во катедралата Свети Лаврентиј во Џенова, Папата прво ги повика на кратка молитва за настраданите египетски копти и заедно со собраните за нив измоли Радувај се Маријо. Веднаш потоа одговараше на поставените прашања.

На прашање за критериумите за живеење на интензивен духовен живот во околностите на сложеноста на современиот живот и административните работи, што често изгледа дека духовните личности се „расфрлани“ и „рефус“, Папата потсети на Исусовиот стил на живот и пасторал кој беше пасторал на средба; средба со луѓето и средба со Отецот, во молитвата.

Исус бил трајно во движење и меѓу народот, близок до народот и неговите проблеми, а навечер се повлекувал, за да моли и да биде со Отецот – рече папата Фрањо. Исус бил во движење и на пат, но не и во брзање, како ние денес; што е различно – истакна Папата. Не треба да се плашиме да бидеме во движење, па ниту од самата „распрснатост“, но треба да ни биде страв од статичниот живот, живот во кој сѐ е уредено и штима; сѐ се случува во вистинскиот час и според организиран и добро структуриран план, па и кога станува збор за молитвата, што Папата го нарече претпиемачки стил.

Светиот Отец истакна дека не треба да се плашиме од тензиите во кои живееме, да се биде во движење, на пат. Да дозволиме луѓето да нѐ „замараат“ и да не бидеме загрижени за сопствената „смиреност.“ Тоа е секогаш крст, но оној замор кој го доживуваме во средбата со луѓето е светост – рече Папата. Еден од знаците дека не се оди по добар пат е тој кога свештеникот премногу говори за себе, за она што тој го сака и го прави.

На Исус од друга страна секогаш му било јасно дека неговиот живот му припаѓа на Отецот и на народот; дека неговиот живот – е живот за другите, а не за него самиот. Освен тоа, Исус никогаш не се врзувал за структури, туку за односи. Тие се „стари“ критериуми за животот на Црквата, кои се „надсовремени“ – заклучи Папата придружен од силен аплауз и одобрување.

На прашањето како подобро да се живее братството меѓу свештениците, одговори дека тоа е секојдневно настојување и еден вид „аскеза“. Предупреди на опасноста од самодоволност и рече дека браќата свештеници еден за друг се богатство и нивното дружење, состаноци, па и фудбалски натпревари, помагаат да се поврати онаа вистинска смисла на зборот „братство.“ Помагаат дури и пречките – рече Папата, наведувајќи го примерот на Исусовите ученици, кои се препирале кој од нив е најголем.

Кога меѓу свештениците нема братски однос, тогаш братот се „предава“ и „продава“ заради други цели или интереси. Папата Фрањо собраните ги поттикна да се запрашаат колку пати на свештеничките средби ги „затвориле ушите“, ако збор земал свештеник кој не им бил симпатичен или кој не мисли како нив. Исто така ги истакна големите непријатели на братството меѓу свештениците: мрморење, озборување, завист, љубомора и клевета и предупреди да избегнуваме да го имаме „последниот збор.“

Кога некој свештеник е телесно болен – продолжи Светиот Отец – ние го посетуваме, но кога некој свештеник е душевно болен, морално болен, правиме ли за него покора? Се молиме ли за него; или зад грб го озборуваме? – праша Папата и продолжи: Ако твојот брат паднал како жртва на сатаната – што знае да се случи – моли се за него, а немој ти уште повеќе да му отежнуваш. Ни помага и тоа дека не сум јас целината, туку само нејзин дел, делче од целината на Телото – Црквата.

Многу помага кога ќе се најдеме пред лошите особини или гревови на нашите браќа – ако се сетиме колку пати ни е простено! – поттикна Папата. Потоа споредувајќи ја Црквата со река, рече дека е важно да се биде внатре во коритото, внатре во црквата, а помалку е важно сака ли некој да биде во средината на коритото или поблиску на едната или другата страна.

На прашањето како да се соочиш со општиот пад на звањата за свештенички и монашки живот, папата Фрањо рече дека една од причините, која не би требало да се занемари, е општиот пад на наталитетот, кој во Италија е негативен. Од друга страна, кризата за звања ја погодува целата Црква. Но, тоа не е само криза на монашки или свештенички звања, туку се протега и на бракот. Сето тоа нѐ поттикнува да се запрашаме што треба да направиме и што да промениме?

Потоа потсети на верноста на основната харизма, што многу привлекува. Овде се потоа сведоштвата на среќа и радост, кои ние ги проживуваме во своето сопствено монаштво и ја спомна потоа потребата за пасторално и мисионерско преобраќање. Она што младите денес толку го бараат е посланието и апостолската ревност, животот за другите и општо себедарување. Предупреди потоа на опасноста од духовна световност.

Папата исто така потсети дека ние самите– како епископи, свештеници, монаси и монахињи – сме ја делумно предизвикале ова криза. Препорача потоа поединечни делови од енцикликата „Радоста на Евангелието“, кои за тоа зборуваат. Она што привлекува е јазикот на гестовите како и сведоштвото на животот – рече меѓу останатото Светиот Отец благословувајќи ги собраните.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот