Како и обично, за време на летот за Лисабон на 2 август, Папата ги поздрави новинарите кои го придружуваат на неговото Апостолско патување.
„Изгледа дека има над милион млади луѓе“ во Лисабон за Светскиот ден на млади. „Ќе се вратам подмладен“. Ова се зборовите кои папата Фрањо ги изговори на летот за Лисабон пред 70-ина новинари од различни меѓународни медиуми кои го придружуваа на неговото 42. Апостолско патување. Ви благодарам многу за ова друштво и за работата, сега ќе се обидам да ве поздравам еден по еден“, им рече Папата.
Патувањето трае од 2 до 6 август и е неколку дена по десетгодишнината од неговото прво меѓународно патување, она во Рио де Жанеиро во јули 2013 година, само неколку месеци по неговиот избор за Папа. И тогаш повод беше Светскиот ден на млади. Светиот Отец потоа претседаваше со Светскиот ден на млади во Краков во 2016 година и во Панама Сити во 2019 година. „Ова е четврти, продолжуваме со вревата“, им рече Папата на новинарите кои еден по еден го поздравуваа, а некои дури и му дадоа подароци.
На полските новинари кои го прашаа кои ќе бидат неговите следни патувања, папата Фрањо одговори: „Би сакал да се вратам“, мислејќи на патувањето во Полска пред седум години.
Ватикан њуз/к.мк