Папата на Бројаницата во Ватиканските градини: Да го следиме Исус заедно со Марија

Папата на Бројаницата во Ватиканските градини: Да го следиме Исус заедно со Марија

Папата Лав XIV. на 31 мај 2025 година, на крајот од месецот посветен на Богородица, им се придружи на верниците откако молеше Бројаница пред лурдската пештера во Ватиканските градини и посака радоста од тој момент „да остане и да расте во нас“.

Марија е придружничка на патот кон Исус. Со оваа сигурност, Папата ги охрабри верниците со благодарност секој ден да се молат на Господа. Тој го стори тоа на 31  мај, пред лурдската пештера во Ватиканските градини, во краток говор одржан пред верниците кои, според традицијата, учествуваа на Бројаницата на завршетокот од Мајската побожност, во месецот посветен на Мајката Божја. Молитвата, Впредводена од кардиналот Мауро Гамбети, надбискуп на базиликата „Свети Петар“ и генерален викар на Папата за Ватикан, започна во 20.00 часот со процесија aux flambeaux (со свеќи) која поминуваше од црквата Санто Стефано дели Абисини до местото каде што е репродуцирана пештерата на објавата на Богородица на  Бернадета. На Пресвета Богородица во молитвите ѝ беа доверени папата Лав XIV, Црквата и желбата за мир во светот.

Околу две илјади верници учествуваа на овој молитвен момент. Присутни беа кардиналите Џовани Батиста Ре, декан на Кардиналскиот колегиум, Лазаро Ју Хеунг-сик, префект на Дикастеријата за свештеници, Џузепе Версалди, почесен префект на Конгрегацијата за католичко образование. Потоа епископи, посветени лица, парохискиот свештеник на Ватиканската базилика и бројни семејства, млади и постари лица, волонтери на Италијанскиот сојуз за превоз на болни во Лурд и меѓународни светилишта (Unione Nazionale Italiana Trasporto Ammalati a Lourdes – UNITALSI).

Исусовите ученици, со Марија, го фалат Бога секој ден

На крајот од молитвата, Папата, клекнувајќи пред статуата на Пресвета Богородица, кратко се помоли, а потоа ја изрази својата радост што се наоѓа под заштита на мајчинскиот покров на Пресвета Богородица.

Во проповедта го цитираше Свети Иван Павле II. кој ја нарече Бројаницата молитва „со маријанска физиономија и христолошко срце“. Осврнувајќи се на радосните таинства, истакна дека Бројаницата е, во крајна линија, форма на ходочестие што води кон размислување за таинствата на Благовештението, посетата на Марија, раѓањето на Исус, принесувањето во храмот и наоѓањето на Исус. Зборовите на ангелот упатени на Марија и зборовите на Елисавета се повик за радост и споделување на благословите. Вашите чекори така се обележани со Божјото Слово – рече Папата и повикувајќи се на Свети Августин, нагласи како да се живее во Господовиот ритам.

Затоа, да го гледаме нашиот живот како одење во наследување на Исус, кое мора да се преземе, како што правиме, заедно со Марија. И да го молиме Господ да знаеме како да го фалиме секој ден, „со живот и јазик, срце и усни, глас и однесување“ (Свети Августин, Разговори 256, 1), избегнувајќи ја дисхармонијата: јазик во согласност со животот, а усните со совеста (сп. исто).

Благодарноста за скриената молитва на бенедиктинските монахињи

Нека радоста од овој момент остане и расте во нас – рече папата Лав XVI. пред благословот и повикувајќи го застапништвото на Марија да „нè спаси од злата што сега нè мачат“, потсетувајќи се на зборовите на Бенедикт XVI. на завршетокот од Мајската побожност од пред три години, на самото место каде што го помина последниот период од својот земен живот. Посебен поздрав папата Лав XIV. упати до бенедиктинските калуѓерки:

Особено би сакал да ја изразам мојата наклонетост и благодарност до бенедиктинските сестри од манастирот Mater Ecclesiae, кои ја поддржуваат нашата заедница и нашата работа со нивната скриена и постојана молитва.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот