Папата Фрањо поттикна на учество во молитвената иницијатива „Минута за мир“, повикувајќи ги верниците да се придружат на молитвата за крај на војните што го пустошат светот, посебно во Украина
Светиот Отец изрази задоволство за молитвената иницијатива „Минута за мир“, повикувајќи ги верниците да се придружат на молитвата за крај на војните кои го пустошат светот, посебно во Украина. Во вторник, на 6 јуни, во Киев заврши мисијата на кардиналот Матео Зупи, со цел внимателно да се сослушаат украинските власти за можните начини за постигнување праведен мир и поддржувачки гестови на хуманост кои придонесуваат за смирување на тензиите, стои во соопштението на Канцеларијата за печат на Светиот Престол објавено во понеделник.5 јуни.
На крајот од редовната Генерална аудиенција во среда, 7 јуни 2023 година на плоштадот Свети Петар, Светиот Отец упати нов повик за молитва за крај на војната, која зема безброј животи повеќе од една година, посветувајќи ја овонеделната катехеза на Света Тереза од Детето Исус, покровителка на мисиите, зборувајќи за ликови кои ја воплотуваат апостолската ревност.
Во четврток, 8 јуни, со почеток во 13 часот, Меѓународниот форум на католичка акција им предлага на верниците од различни вери и религии да се соберат на молитва и да посветат „Минута за мир“.
Да го прифатиме тој повик, молејќи се за крај на војните во светот, а посебно за милата и напатена Украина, рече Папата на крајот од редовната Генерална аудиенција како дел од поздравот до верниците кои зборуваат италијански.
Иницијативата беше покрената за прв пат во 2014 година
Меѓународниот форум на католичка акција ги повикува верниците ширум светот да застанат, да ги приклонат главите и да молат за мир во четврток, 8 јуни, со почеток во 13.00 часот по римско време, секој според својата традиција.
Меѓународниот форум на католичка акција го избра овој датум за да ја одбележи „Молитвената средба за мир“ свикана од папата Фрањо на 8 јуни 2014 година, на која во Ватикан се сретнаа претседателите на Израел и на палестинската управа, со учество на цариградскиот патријарх Вартоломеј I. за да молат заедно за мир во Светата Земја.
Ватикан њуз/к.мк