“Да молиме денес за мажите и жените кои работат во средствата за информирање. Во оваа време на пандемија ризикуваат многу, а освен тоа имаат и многу повеќе работа од вообичаеното. Нека Господ им помогне во таа работа за секогаш да ја пренесуваат вистината” – повика папата Фрањо во воведните зборови на светата Литургија во домот Света Марта во среда 6 мај, која с‚ уште се служи без учество на верници. Во проповедта ги поттикна слушателите и гледачите да дозволат Исус да ги просветли во темнината која е во нас со својата злоба, световниот дух и гордоста, за да може Неговото светло да влезе во нас и да не спаси.
Да не се плашиме од Господ, бидејќи е многу добар, нежен и секогаш е со нас. Тој дојде да нè спаси. Да не плашиме од Исусовото светло, порача Папата осврнувајќи се на зборовите на Исус во денешното Евангелие од Иван: „Кој верува во Мене, не во Мене верува, а во Оној, Кој што ме пратил, и кој Ме гледа Мене, Го гледа Оној, што ме пратил. Јас како светлина дојдов во светот, така што никој, кој верува во Мене, да не остане во темнина. И ако некој ги чуе зборовите Мои, и не поверува, Јас нема да го судам, оти не дојдов да му судам на светот, туку светот да го спасам. Кој што се откажува од Мене и не ги прима зборовите Мои, има Кој да го суди: Словото што го кажав, тоа ќе го осуди во последниот ден”.
Од овој дел од Евангелието ја гледаме интимноста што постои помеѓу Отецот и Исус. Исус го правеше она што му зборуваше Отецот, рече Папата и појасни дека мисијата на Исус е да донесе на светот светлина, за сите они кои веруваат да излезат од темнината, во која живее светот. Драмата на Исусовото светло се состои во тоа што светлото е отфрлено. Луѓето се навикнати да живеат во темнина. Со својата борба Исус продолжува да го осветлува светот и овозможува да се види слободата и вистината. Тоа искуство го доживеал и свети Павле. Бил слеп. Со крштевањето прогледал – рече Папата и додаде дека крштевањето во првите векови се именувало како “ просветлување”. Затоа детето на крштевањето добива свеќа. Злобата, световноста и гордоста меѓутоа нè привлекуваат на другата страна и така остануваме во темнина, рече Папата и додаде дека постојат и духовни и семејни мафии кои нè прикриваат за да останеме во темнина. Светлината, меѓутоа ни овозможува да видиме во нас многу грди работи, кои не сакаме да ги видиме, а тоа се всушност злобата, гордоста и духот на светот, кои нè спречуваат и оддалечуваат од Исусовото светло.
Ватикан њуз/к.мк