На крајот од неговата прва Генерална аудиенција во среда, Папата упати апел во врска со сè позагрижувачката ситуација во Појасот Газа, каде што нападите продолжуваат, а луѓето умираат од глад. Тој апелираше да се дозволи влез на достојна хуманитарна помош. Ги замоли сите верници да молат Бројаница за мир. Еден месец по смртта на папата Фрањо, Лав XIV рече: „Со голема благодарност се потсетуваме на него“.
Ситуацијата во Појасот Газа е сè позагрижувачка и сé поболна. Го повторувам мојот силен апел да се дозволи влез за достојна хуманитарна помош и да прекинат сите непријателства, чија болна цена ја плаќаат децата, старите лица и болните.
Тоа е првиот апел на крајот од првата Генерална аудиенција одржана во среда на плоштадот Свети Петар, на која папата Лав XIV. ја упати за Газа, област која веќе година и пол е синоним за смрт, насилство, уништување, глад, за енклава каде што е во тек масовна израелска воена операција.
Да се сее надеж во свет ранет од омраза
Уште минатата недела, во своето пладневно обраќање по молитвата „Царице небесна“, на крајот од светата Литургија, со која започна неговиот понтификат, Папата го осуди фактот дека децата, семејствата и старите лица гладуваат во Појасот Газа. Денес тој уште еднаш го истакна ова насилство кое го спречува постигнувањето на разоружан и разоружувачки мир на кој повика на своето прво појавување на ложата за благослов на базиликата „Свети Петар“.
Во свет поделен и ранет од омраза и војна, повикани сме да сееме надеж и да градиме мир!
Итно потребна помош
Зборовите на Папата денес, изговорени на италијански јазик по поздравите на различни јазици, дојдоа во време кога камионите натоварени со хуманитарна помош, кои влегоа во Газа преку преминот Керем Шалом, сè уште чекаат на границата за да стигнат до местата каде што ќе биде дистрибуирана помошта – соопштија хуманитарни извори од терен. Вчера Израел објави дека ќе дозволи 93 камиони да влезат во Појасот Газа, но според информациите што ги објавија локалните агенции, околу 12 камиони од УНИЦЕФ и пет од Обединетите Арапски Емирати, како и неодреден број од Светската програма за храна на Обединетите нации, сè уште не пристигнале на дистрибутивните точки.
Иако постојат претпоставки за намерно одложување, обвинувања за недоволна помош и несоодветна отвореност со оглед на огромните размери на трагедијата, постојат и такви кои зборуваат за сериозен недостиг на храна. „Во следните 48 часа, 14.000 деца ќе умрат ако не стигнеме до нив“, изјави за Би-Би-Си Том Флечер, шеф на хуманитарната служба на ОН.
Во меѓувреме, во зори, во воздушен напад на Израелските одбранбени сили (ИДФ) во Појасот Газа загинаа најмалку 42 лица. Ова се податоци доставени од Министерството за здравство, управувано од Хамас. Според информациите од истиот извор, повеќе од половина од жртвите, 24 лица, биле убиени во Кан Јунис, на југот од Појасот Газа. „Сините шлемови“ на Обединетите нации го осудуваат израелскиот напад со беспилотни летала во Либан, во градот Ал Мансури, во областа под надлежност на мировната мисија на Обединетите нации во Либан, УНИФИЛ, со што ги потсетува сите вклучени страни на потребата да се обезбеди безбедноста на персоналот на Обединетите нации и да се почитува принципот на неповредливост на областа под надзор на „Сините шлемови“.
Поттик на молитвата Бројаница
Сè позагрижувачката и болна ситуација, токму како што рече папата Лав XIV, бара итна акција од оние со политички и владејачки одговорности и од сите верници во светот да го истакнат оружјето на молитва. Во овој месец на Марија, би сакал да го повторам повикот на Богородица од Фатима: „Молете Бројаница за мир секој ден“ – рече Папата, поздравувајќи ги верниците и поклониците од португалското говорно подрачје.
Заедно со Марија, да молиме луѓето да не се затворат за овој Божји дар и да ги разоружаат своите срца.
Спомен на папата Фрањо
Ова се зборови што потсетуваат на постојаните повици на папата Фрањо никогаш да не престанеме да молиме за мир. На крајот од Генералната аудиенција потсети на својот претходник, кој почина од мозочен удар на 21 април, папата Лав XIV. а по неговите зборови следуваше аплауз од 40.000 верници присутни на плоштадот „Свети Петар“.
Папата Лав XIV рече: Не можеме да ја завршиме оваа наша средба, а да не го спомнеме со голема благодарност нашиот возљубен папа Фрањо, кој се врати во домот на Отецот пред точно еден месец.
Ватикан њуз/к.мк