Папата Лав XIV. телефонски разговараше со украинскиот претседател Зеленски

Папата Лав XIV. телефонски разговараше со украинскиот претседател Зеленски

Украинскиот претседател преку социјалната мрежа X објави дека го имал својот прв телефонски разговор со папата Лав XIV. и дека му се заблагодарил за поддршката што ја дава на неговата земја. Претседателот го покани Папата во Украина: „Таквата посета би донела вистинска надеж за сите верници и за целиот наш народ. Се согласивме да организираме лична средба.“

„Разговарав со папата Лав XIV. Тоа беше нашиот прв разговор, кој беше многу срдечен и длабок. Му се заблагодарив на Светиот Отец за неговата поддршка за Украина и целиот наш народ.“ Преку својот профил на социјалната мрежа X, украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека имал телефонски разговор со новоизбраниот Папа. Разговорот го потврди директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни.

Во долга изјава, претседателот Зеленски изрази длабока благодарност за зборовите на Папата во вчерашното обраќање по молитвата Царице небесна, за потребата од постигнување – како што напиша – праведен и траен мир за нашата земја и за ослободување на затворениците. Тој додаде дека разговарал со Папата за илјадниците украински деца кои биле депортирани од Русија.

Украина смета на помошта од Ватикан за да ги врати дома кај нивните семејства. „Го информирав Папата за договорот меѓу Украина и нашите партнери, според кој, почнувајќи од денес, треба да започне целосно и безусловно примирје во траење од најмалку 30 дена“, напиша претседателот. Ја повторив подготвеноста на Украина за понатамошни преговори во која било форма, вклучително и директни разговори – позиција што ја нагласувавме повеќе пати.

На крајот од соопштението, претседателот Зеленски истакна дека го поканил папата Лав XIV. да дојде во апостолска посета на Украина. Таквата посета би донела надеж кај сите верници и кај целиот наш народ. Се договоривме да останеме во контакт и да организираме лична средба во блиска иднина“, напиша украинскиот претседател.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот