Папата Лав XIV се сретна со тенисерот Јаник Синер

Папата Лав XIV се сретна со тенисерот Јаник Синер

Додека во Рим е во тек Отвореното првенство на Италија 2025, папата Лав XIV во Ватикан го прими професионалниот тенисер Јаник Синер, заедно со неговото семејство и претседателот на Италијанската тениска федерација.

Во среда, папата Лав XIV во Ватикан го прими тенисерот Јаник Синер.

Според Канцеларијата за печат на Светиот Престол, на аудиенцијата со Папата и 23-годишниот спортист присуствувало и семејството на Синер и претседателот на Италијанската тениска федерација, Алберто Бинаги. Аудиенцијата се одржа во просториите  поврзани со салата Павле VI.

Портпаролот Бруни рече дека страста на папата Лео кон тенисот е добро позната. Во видеото, г-дин Синер се гледа како му нуди на папата тениска топка и го прашува дали сака да игра.

Папата одговори: „Ќе скршиме нешто. Подобро да не кршиме!“

Италијанското отворено првенство в 2025 година, официјално познато како Internazionali BNL d’Italia, моментално е во тек во Рим во комплексот Форо Италико.

Овој престижен тениски турнир, дел од АТП и ВТА 1000 серија, започна на 7 мај и ќе заврши на 18 мај.

На турнирот се натпреваруваат врвни меѓународни и италијански играчи.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот