Папата Лав XIV, по десет години пауза, повторно ќе ја воспостави традицијата со предавање на палиуми на новите митрополити на празникот на Светите Петар и Павле, кон крајот на јуни во Рим.
Папата Лав XIV не само што ќе им ги предаде палиумите на новите митрополити, туку и лично ќе ги положи врз нив. Во 2015 година, папата Фрањо само го предаваше палиумот, но не го полагаше врз рамената на новите митрополити.
Палиумот е литургиска облека, изработен од јагнешка волна кои претходно се благословуваат на празникот на Света Агнезa. Во пракса, палиумот претставува тесна бела волнена стола со шест црни крстови изработени од свила. Палиумот се носи врз литургиската облека и претставува надворешен знак на митрополитското достоинство и го симболизира заедништвото на митрополитите со Римскиот бискуп. Надбискупот има право да го носи палиумот само додека трае неговата служба и исклучиво во рамките на неговата митрополија.
Ватикан њуз/к.мк