Конзисториумот ќе се одржи на 7 и 8 јануари 2026 година, објави Канцеларијата за печат на Светиот Престол. Тоа ќе бидат два дена молитва, размислување и споделување за да му се дадат поддршка и совети на Папата.
Новата година ќе започне во дух на заедништво, расудување и споделување во Црквата, по завршувањето на Јубилејот на надежта со затворањето на Светата врата во базиликата „Свети Петар“ на 6 јануари. Како што беше најавено во ноември, папата Лав XIV го свикува првиот вонреден конзисториум во неговиот понтификат, кој ќе се одржи на 7 и 8 јануари 2026 година, објави Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
Средбата – како што е наведено во соопштението за медиумите – ќе се одржи во текот на два дена и ќе биде обележана со моменти на заедништво и братство, како и со време за размислување, споделување и молитва. Всушност, овие моменти ќе бидат насочени кон поттикнување на заедничкото расудување и обезбедување поддршка и совети на Светиот Отец во извршувањето на неговата голема и тешка одговорност во управувањето со универзалната Црква. Целта на оваа средба – Конзисториумот – е да се зајакне заедништвото меѓу Римскиот епископ и кардиналите, кои се повикани да соработуваат на посебен начин во грижата за доброто на универзалната Црква.
Ваатикан њуз/к.мк

