Папата: Крутоста и световноста се штетни за свештеникот

Папата: Крутоста и световноста се штетни за свештеникот

Свештениците треба да бидат посредници на Божјата љубов, а не менаџери кои мислат на сопствените интереси – предупреди папата Фрањо во проповедта на светата Литургија на 9 декември во домот Света Марта.

Свештениците треба да бидат посредници на Божјата љубов, а не менаџери кои мислат на сопствените интереси – предупреди папата Фрањо во проповедта на светата Литургија на 9 декември во домот Света Марта, во која говореше за искушенијата кои кај свештеникот можат да ја стават во опасност неговата служба. Папата предупреди дека има „крути“ свештеници кои ги оптоваруваат верниците со работи кои самите не ги носат. Освен тоа предупреди на искушението на световноста кое свештеникот го претвора во службеник и – како што рече – го прави смешен.

Тие се како деца на кои нешто ќе им понудиш, но тоа не им се допаѓа, тогаш ќе им понудиш нешто потполно различно, но ниту тоа не е добро. Папата Фрањо во проповедта појде од денешното Евангелие и Исусовите зборови кога го истакнува незадоволството на народот кој никогаш не е задоволен. И денес – рече Папата – има незадоволни христијани и тоа многу кој не успеваат да сфатат на што нѐ учи Господ, не успеваат да ја сфатат суштината на евангелската објава. Потоа говорејќи за незадоволните свештенци рече дека имаат лошо влијание. Живеат незадоволни, постојано бараат некои нови планови затоа што нивното срце е далеку од Исусовата логика и заради тоа се жалат или живеат тажни.

„Не“ свештеници менаџери, „да“ свештеници посредници на Божјата љубов

Исусовата логика напротив би требало на свештеникот да му пружи целосно задоволство. Неговата логика е логика на посредник. Исус е посредник помеѓу Бог и нас – истакна папата Фрањо. А ние треба да појдеме по тој пат на посредник, а не по оној другиот кој е сличен, но не е ист. Имено менаџерот – според зборовите на Папата – ја извршува својата работа и прима плата, тој никогаш не губи. Посредникот е сосема поразличен.

Посредникот се губи самиот себе за да ги поврзе страните – објасни Папата – го дава својот живот, се дава себе, тоа е цената. Плаќа со сопствениот живот, со својот умор, со својата работа, со повеќе работи, но – во тој случај парохот – тоа го прави за да го обедини стадото, за да го обедини народот и да го поведе до Исус. Логиката на Исус како посредник е логика на погубување на самиот себе. Свети Павле во Посланието го Филипјаните е јасен: „Сам се смири (…) Сам Себе се понизи,“ за да овозможи соединување и тоа сѐ до смртта на крстот. Таква е неговата логика: испразни се, понизи се – рече Светиот Отец.

Вистинскиот свештеник е посредник кој е многу близу до народот, додека менаџерот ја извршува својата работа, а потоа зема и друга секогаш како службеник и не знае што значи да ги извалка своите раце среде реалноста. Токму затоа – додаде – кога свештеникот ќе се промени од посредник во менаџер не е среќен. А среќата тогаш ја бара во покажување на себе, на својот авторитет.

Крутоста доведува до отстранување на човекот кој бара утеха

На службениците во своето време Исус им говори дека им се допаѓало да се шетаат по улиците за да се покажуваат и луѓето да им искажуваат почит – рече Папата. Така свештениците за да се направат важни тргнуваат по патот на крутоста. Одалечени од народот често не знаат што е човечка болка; го губат тоа што го научиле во сопствениот дом од татко, мајка, дедо, баба, браќа… Сето тоа тие го губат. Тие се крути и оптоваруваат со голем број работи кои самите не ги издржуваат. Со прачка во рацете по Божјиот народ: Тоа не смее и тоа не смее. И така многу луѓе кои се приближуваат, барајќи малку утеха и разбирање се истерани од таа крутост – рече папата Фрањо.

Кога крут и световен свештеник ќе стане службеник станува смешен

Меѓутоа – предупреди Светиот Отец – крутоста не може да се одржи на долго, целосно. На крајот ќе изгледаш круто, но во внатрешноста ќе бидеш целосно неуспешен. Световниот, крут свештеник е незадоволен затоа што тргнал по погрешен пат – истакна Папата и се присети на настаните кои му ги раскажал еден постар монсињор од куријата. Имено еднаш отишол во продавница специјализирана за свештеничка облека за да купи неколку кошули и таму здогледал момче со наметка, сребрен синџир и свештеничка шапка како се гледа во огледалото. Тој монсињор – продолжи Папата – многу мудар со здрав хумор тоа го искоментирал: „И тогаш се вели дека Црквата на жените им го скратува свештенството.“ Така звањето кое го врши свештеникот кога тој че стане служеник e смешно – рече Папата.

Добриот свештеник се познава по тоа ако знае да си игра со деца

Во испитот на совеста мислете на тоа: дали денес бев службеник или посредник: – рече потоа Светиот Отец. Дали се чував себе, дали се барав себе, својата удобност, својот ред или направив денот да помине во служење на другите? – рече Папата и додаде дека еднаш еден човек му кажал дека ги препознава свештениците по нивното однесување кон децата, по нивната игра со децата. Тоа е многу интересно затоа што значи дека знаат да се снижат, да се приближат до малите работи – рече папата Фрањо.

Свети Поликарп, свети Фрањо Ксаверски, свети Павле – три икони на свештеник посредник

На крајот од проповедта Папата истакна три „икони“ на свештеник посредник. Првиот е големиот Поликарп кој не сакал да го негира Христос и храбро отишол на клада; а кога го опкружил огнот верниците кои биле таму почувствувале мирис на леб. Така завршува посредникот – како парче леб за своите верници – рече Папата. Втората икона е свети Фрањо Ксаверски кои починал млад, гледајќи ја Кина каде што сакал да отиде, но не успеал затоа што Господ го повикал кај себе. И последната икона свети Павле.

Рано тоа утро – рече Папата – војниците дошле кај него да го земат, а тој одел свиткан. Знаел дека тоа се случува заради предавство на некои во христијанската заедница, но тој во својот живот многу се борел и тоа му го принесувал на Господ како жртва. И на нас трите икони можат да ни помогнат – истакна папата Фрањо и на крајот ги поттикна свештениците да се запрашаат: Како сакам да го завршам својот свештенички живот, како службеник, како менаџер или како преносител односно на крстот?

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот