Во писмото кое го испрати по повод 30 годишнината на Меѓународниот форум Католичка акција, Папата ги истакнува неговите приоритети: мисионерски занес да се формираат христијаните за денешниот свет, и да се шири братството.
Не е основана со посебна харизма, ниту со посебно подрачје на апостолат, туку само со една цел: навестување на Евангелието на сите луѓе и на сите средини и затоа во служба на харизмата на Црквата расположива е за сите нејзини потреби на секое место – со тие зборови папата Фрањо, во долгото писмо по повод 30 годишнината на Меѓународниот форум Католичка акција го опиша идентитетот на таа институција која денес и утре– како што пишува Папата, помеѓу сеќавањето и пророштвата слави три децении заедничко одење.
Папата Фрањо веднаш одава признание на творецот, „големиот сонувач“ кој го започнал и дал поттик за создавање на тој форум, аргентинскиот кардинал Едуардо Пирони вљубеник во Католичката акција и нејзините способности и потенцијали кои во 1991 година кажал дека е сиурен дека за тоа тело дошол провидоносен момент на Духот со цел – цитира папата Фрањо – длабока обнова на неговото духовнo, доктринарно, апостолско и мисионерско ангажирање.
Бројни се заслугите на Католичката акција. Освен тоа многу од нив кои Католичката акција ги евангелизирaла и формирале ја внесуваат вистината, длабочината и Евангелието во граѓанското подрачје, често забрането за верата. Светците и блажени лаци на Католичката акција се богатство за Црквата – пишува Папата и додаде, тие кои беа „светци од соседството на бројните заедници. (…)
Глобалната панdеmија која како никогаш во минатото на секое подрачје на светот на ист начин нѐ направи ранливи, нѐ подели и нѐ направи нееднакви. Еднакви сме во потребата, но различни во можностите, среде бурата која ги открива сите обиди да се скапува и да се заборави она што ја хранело душата на нашите народи – рече Светиот Отец. Доаѓаме од време силно обележано од глобализацијата; економска, културна како и на другите подрачја, со нејзините успеси, но и со структури на гревот кои произлегуваат од неа. Се е глобално, дури и вирусот стана глобален! – истакнува Папата и членовите на Форумот Католичка акција ги предупредува на нивното глобално послание, во кое 30 години живот од една страна е цел, а од друга е предизвик. Предизвик на денешната Црква која е поттикната да излезе.
Повикот на Папата затоа е да одат таму каде оди животот и историјата на нашите народи, без предрасуди, без страв, без сортирање и не чувствувајќи се како уредници на било чија вера. Повик да бидат таму каде се нивните интереси, нивните грижи, нивните најдлабоки рани и нивните најголеми загрижености. Бидејќи нема поголемо сиромаштво од она да го немаме Бог, односно да живееме без вера која му дава смисла на животот, без надеж која ни дава сила за работа, без чувството дека некој нѐ сака, кој нѐ не разочарува. Тоа е место и тоа се луѓе каде Католичката акција треба да го извршува своето послание. Бидете луѓе на заедништво, со евангелизациски занес, знаејќи дека не треба да работите за да ја обликувате христијанската иднина, туку за да го следите процесот на верата на сегашниот христијанин во согласност со обележјата на животниот период во кој се наоѓаме.
На крајот од писмото Папата до членовите на Форумот им поставува три барања: многу длабоко да го почувствуваат итно потребното ангажирање за братството и општественото пријателство како средство за обнова на ранетиот свет; во срцето на сите луѓе да ја посеат идеата дека вистинската христијанска духовност е она која е вкоренета во желбата за светост и дека тоа е патот кој започнува од блаженствата, а се остварува во 25 глава од Евангелието според Матеј; да сакаш и да работиш за нашите браќа кои најмногу трпат. И трето, Духот кој ги вдахнува нивните проекти и работи да бидат Црква која излегува и која ја живее слатката и утешна радост на евангелизацијата; и тоа нека е видливо – поттикна папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк