„Павле VI, Папа на модерноста“, е насловот на средбата одржана на 8 ноември 2017 година во римската базилика Свети Павле надвор од ѕидините, по повод 50 годишнината од објавувањето на социјалната енциклика „Populorum Progressio“.
Средбата ја организираше унивезитетот Roma Tre, во соработка со бенедиктинската опатија. За таа пригода, папата Фрањо испрати порака која ја прочита архипрезвитерот на базиликата кардинал Џејмс Мајкл Харви.
Енцикликата „Populorum Progressio“ беше свечен повик за усогласено делување со цел интегрален развој на човекот и за солидарен развој на човештвото –пишува Светиот Отец, истакнувајќи дека тој повик одекнува и во нашето време, во кое се шири сиромаштвото, а мирот секојдневно не се почитува во голем број краишта во светот. За да се изгради потребно е да се отстранат причините за неслога, токму започнувајќи од неправдата. Мирот е – истакна Папата – дело на праведноста.
Заради тоа вашето размислување е фокусирано на правдата помеѓу народите, посебно актуелната – вели Папата и додава дека таа се вдахнува од евангелието во одење, кое бара христијанската љубов, вера и надеж да се носат на улиците, на средбата со денешните луѓе – истакна Папата.
Напоменувајќи дека на средбата се зборуваше и за љубовта кон Италија, папата Фрањо нагласи дека љубовта и Италија се две успешно приближени зборови, и тоа заради дискретната љубов која Павле VI секогаш ја изразуваше кон саканата земја, како и заради тоа што едноставната душа на италијанскиот народ сведочи дека солидарноста и близината се неизбежен темел на човечката заедница. Тие го поддржуваат вистинскиот хуманизам, кој секогаш е модерен и кој секогаш треба да го преуредуваме и промовираме во секое време, бидејќи во спротивно штети на самото наше достоинство – истакнува на крајот папата Фрањо.
РВ/к.мк